Гурмански леб со колбаси и сирење

Слични

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ)

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ). Правете торти...

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната вечера

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната...

Лиснато тесто со јаболка и цимет

Лиснато тесто со јаболка и цимет. Можете ли да ги...

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење. Речиси и...

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото. Иако малкумина од...

Сподели

Гурмански леб со колбаси и сирење.

Кој друг може да му одолее на полнетиот леб? Вистинските гурмани не можат. За вас подготвивме вкусен рецепт кој е идеален за појадок или како додаток на полесно јадење. Лебот се полни со колбаси и сирење, а покрај тоа имаме и многу вкусни зачини.

Овој рецепт ни доаѓа директно од Италија, а Италијанците често го подготвуваат кога им се најавуваат гости. Со овој леб совршено оди зачинет сос од домати. Иако на прв поглед изгледа комплицирано, гарантираме дека тоа ќе го направите побрзо отколку што мислевте.

Потребни состојки:

  • 1 кг благи или зачинети колбаси,
  • 1 лажичка вегета и оригано,
  • зачини по желба (ве советуваме да ставите лук, рузмарин и босилек),
  • 2 големи јајца,
  • 4 лажици рендано сирење,
  • 1 тесто за леб од пекара или леб по ваш рецепт,
  • 2 чаши мешано сирење,
  • 1 чаша сос од домати.

Начин на подготовка

Расукајте го тестото за леб кога ќе нарасне до средна дебелина.
Во сад измешајте ги јајцата со зачините, па премачкајте го тестото за леб со смесата.

Во исто време во една тава сипете мала количина масло и ставете ја тавата да се загрее. Купените колбаси исечете ги на ситни парчиња и потоа испржете ги како класично мелено месо. Треба да се пржат околу 10 минути или додека добијат жолта боја.

Над тестото ставете го месото од колбасите, а потоа посипете го со рендано сирење.

Расукајте го тестото во форма на леб и премачкајте го горниот дел од лебот со остатокот од јајцата и зачините.
Ви предлагаме на плехот да ставите хартија за печење за да не се залепи тестото.

Се пече на температура од 180 степени, околу 50 минути. Кога ќе добие златножолта боја, подготвено е и може да се јаде. Можете да го послужите со сос од домати или со кечап. Природен домашен сос се прави од варени домати, лук во прав и малку босилек.

Уживајте!

error: Content is protected !!