Секој хороскопски знак е различен карактер па адекватно на тоа ви претставуваме кој цвет на кој хороскопски знак, одлично ќе му одговара.
Овен
Овните имаат огромна физичка енергија па за нивниот карактер соодветно ќе одговара глогот, прекрасен цвет со цврсто стебло. Доколку изберете букет со каранфил со боја на кармин или роза – комбиниран со гранчиња од рузмарин овенот нема да остане рамнодушен. Вистинскиот избор ќе биде и букет со различни цветови од циклама.
Бик
Според легендата, црвената роза настанала исто како и Венера, и истата е заштитна планета на бикот. Розата е симбол на љубовта, а бикот живее за љубовта, па затоа и овој преубав цвет е прогласен за негов симбол. Личностите кои се родени во овој знак од вас очекуваат скапоцени подароци или цветни аранжмани кои на нив ќе делуваат смирувачки. Бикот како личност ќе го освоите ако му подарите преубаво аранжиран букет од мирисливо цвеќе.
Близнаци
Цветниот симбол на овој хороскопски знак е кентауреата бидејќи нејзините мали цветови зрачат со свежина и даваат голема животна енергија која ја поседуваат Близнаците. Вистинскиот избор за Близнаците ќе биде и ирис или крин и тоа по можност со бели цветови или во некоја друга светла нијанса. Доколку дневната соба на Близнаците ја исполните со зумбули или лилјани овој хороскопски знак ќе биде и повеќе од задоволен.
Рак
Цветниот симбол на ракот е лотосовиот цвет кој нежно плови на површината на водата и се препушта таа слободно да го носи. Кога станува збор за цвеќе на ракот ќе му одговара и јоргован во виолетова боја како и рози во пастелни бои.
Лав
Цветниот симбол на лавот е сончогледот, цвет со огромни портокалови цветови. Лавот ќе биде возбуден доколу му подарите букет со вакви цветови или пак ако му дадете циклама кои ќе бидат украсени со машни.
Девица
Цветниот симбол на девицата е лилјанот. Добар избор ќе биде и амарилисот, бидејќи ова билка со големи цветови симболизира на љубов. Исто така нема да погрешите ако на Девицата и подарите букет со орхидеи или јасмин.
Вага
Цветниот симбол на вагата е лалето, прекрасен цвет со високо и тенко стебло, вистински симбл на елеганција. Вагите најмногу ќе се израдуваат доколку им подарите ирис или пак црвена роза во луксузно пакување.
Скорпија
Цветниот симбол на скорпиите се гладиолите во силни бои, како што е портокаловата или виолетовата боја. Добар избор се и цветните кактуси или розите во комбинаци со зелен папрат. Скорпиите ќе бидат задоволни ако нивното омилено цвеќе го спакувате во некоја интересна ваза или сад со необичен облик.
Стрелец
Цветниот симбол на стрелецот е фрезија, која води потекло од јужна Африка чии цветови ја симболизираат желбата на стрелецот за разновидност. Кога ќе се одлучите да им подарите цвеќе добар избор би претставувал букет со темјанушки. Стрелците реагираат и на мирис на цвеќето.
Јарец
Цветниот симбол на јарецот е арника. Јарците се такви по природа и повеќе би биле одушевени доколку им подарите еден цвет отколку букет. За да го привлечете нивниот строг карактер и за да ги расположите најдобро е да им подарите букет кукурек или пак бршлен.
Водолија
Цветниот симбол на Водолијата е мимозата која претставува симбол на еманципација и слобода, па сосема е логично за тоа што изберена како нивен цвет – симбол. Кога има подарувате цвеќе можете да изберете и зимски рози во различни нијанси или пак полско цвеќе во сина боја. Припадниците на овој хороскопски знак обожуваат необични аранжмани. Нивниот сад е некоја амфора или некоја уникатна ваза која е направена само за нив.
Риби
Цветниот симбол на рибите е кокичето. Рибите највеќе ќе се израдуваат со необичен аранжман од ралзични видови на папрат со богати зелени гранки. Припадниците на овој хороскопски знак најмногу ќе се израдуваат и на букет со полско цвеќе во кој ќе преовладуваат сини и розе нијанси.