Храна што ќе ви даде сила за нов ден: Најдобар појадок пред одење во теретана.
За да добиете максимални резултати во теретана или каква било друга физичка активност што ја практикувате, треба да обрнете внимание на вашата исхрана.
Еден здрав оброк не може да придонесе за здравјето на организмот, ако остатокот од нашата диета е лош.
Затоа, целата дневна исхрана мора да биде целосно избалансирана.
– Оброкот мора да биде два до три часа пред да одите во теретана, а ако е закуска, оброкот може да биде час, час и половина пред тренингот.
Пред сè, потребно е редовно да внесувате храна што ќе ви обезбеди доволно енергија за тенингот да биде ефикасен, а кој нема да ве остави гладни.
Не плашете се да јадете лесен оброк, богат со сложени јаглехидрати, протеини и здрави масти, два часа пред тренинг.
Не прескокнувајте оброк после тренинг.
– Многумина мислат дека резултатот ќе дојде побрзо ако не јадат после напорен тренинг. Многу е важно да јадете доволен извор на протеини во период од два часа.
Ова се некои од препораките за појадок во раните утрински часови:
-грчки јогурт, боровинки и овесна каша
-половина банана со путер од кикирики
-чаша исцеден овошен сок
-тврдо варено јајце и тост
-палента со фета сирење