Најбогатиот човек на светот, Елон Маск, вели дека досега не видел доказ за постоење на вонземјани, но верува дека универзумот би можел да биде полн со „мртви цивилизации“.
Шефот на SpaceX, Елон Маск учествуваше во интересна дискусија на апликацијата за гласовен разговор Clubhouse, откривајќи ги неговите размислувања за постоењето на вонземски цивилизации.
Маск рече дека иако има такви кои тврдат дека има некакoв живот на Марс, тој е прилично сигурен дека би знаел за такво нешто, дека е вистина.
Не видов ништо што укажува на постоење на каква било вонземска цивилизација. Јас би бил првиот што би се спуштил на таа вест во секунда, но не видов никаков доказ, вели Маск.
Како и да е, тој смета дека е можно да постојат вонземски цивилизации кои некогаш цветале на други планети, но дека тие не успеале да ја достигнат технологијата за патување во вселената или завршиле пред да ја развијат таа технологија.
Не би бил изненаден ако некаде во нашата галаксија и другите галаксии има многу мртви цивилизации … кои напредуваа некое време, но потоа постепено пропаѓаа, објаснува Маск.
Маск прави паралела со античките копнени цивилизации кои оттогаш изумреле, како што се египетските, сумерските и вавилонските, за да објасни зошто размислува за можноста за мноштво мртви цивилизации насекаде во вселената.
Запрашан за сведочењата за НЛО и дали смета дека треба да размислуваме за вонземјани, Маск вели дека веројатноста дека станува збор за настани предизвикани од човечко дејствие или дека има природно објаснување за нив е многу поголема отколку што овие настани имаат вонземско потекло.
Слушајте човеку, резолуцијата на фотографиите треба да биде прилично добра. Не можеме да го имаме тоа гомно од чудовиште од Лох Нес за секогаш, ни требаат нови … а сликата би требала да е барем квалитет на iPhone 6, вели Маск.