Интересни факти за Никола Тесла за кои можеби не сте знаеле

Слични

Филмот „Тома“ достигна половина милион гледачи за три недели

Филмот „Тома“ достигна половина милион гледачи за три недели. По...

Како дојде до 8-часовно работно време?

Како дојде до 8-часовно работно време? Осумчасовниот модел на работа...

Дали Третата светска војна е духовна војна?

Дали Третата светска војна е духовна војна? Не се потребни...

ОБИЧЕН ЧОВЕК

Ветрови, ме грабнавте кога душата ја пратив на чистење, срцето на...

Сподели

Интересни факти за Никола Тесла за кои можеби не сте знаеле.

Никола Тесла е познат како еден од најбрилијантните умови и еден од најголемите пронаоѓачи во Србија и во светот. Неговите пронајдоци (трансформаторот на Тесла, ротирачкото магнетно поле, неговиот придонес во модулацијата на радио-сигналот и неговата работа во областа на Х-зраците) го формираат јадрото на денешната наука и истражување.

Она што сè уште и денес го интересира светското население, е неговиот приватен живот, кој беше мистичен и полн со контроверзии. Тој водел осамен живот. Тоа ја „скокоткало“ човечката имагинација и им дала причина на луѓето да му припишат секакви приказни. Секој сакал да биде првиот што ќе објави нешто ново за младиот генијалец.

Не беа вистинити сите овие приказни. Претерувањето секогаш постоело, но одредени чудни навики и фобии сигурно биле присутни во животот на овој научник. Тие го следеле и се манифестирале во неговата работа. Секој од нас има некои чудни идеи и навики, но неколку бизарни опсесии и навики на Тесла се особено интересни за нас.

ОПСЕСИЈА СО БРОЈОТ ТРИ

Тесла бил неверојатно опседнат со бројот три, како и сите броеви деливи со три. Морал да ги мие рацете трипати по ред или да ја посетува зградата исто толку пати пред да влезе во неа. Многумина ги поврзувале неговите „ритуали“ со опсесивно-компулсивно однесување.

КОЛИЧИНА НА ОБРОК

Според приказната за неговите пријатели и оние кои имале можност да се најдат во рестораните што тој ги посетил, пред да донесел залак до устата, морал да го пресмета неговиот волумен бидејќи знаел дека, во спротивно, нема да чувствува задоволство од јадењето. Тој дури и го пресметал волуменот на шолја кафе, чинија супа,… Велат дека поради сето тоа, најмногу сакал да јаде сам.

СВЕТЛИНА

Во раната младост почнале да му се појавуваат слики и сцени придружени со силна светлина, што го замаглиле неговиот поглед кон вистинските сцени и предмети. Тој објаснил дека тоа не е халуцинација, туку дека во тој момент навистина можел да ги види сликите. Тие биле толку јасни и живописни, што се случувало да не може да разјасни што е реално, а што не. Подоцна, тој се обидел да ја искористи оваа „моќ“ за време на својата работа и на создавањето.

НАКИТ

Чувствувал голема одбивност кон женските обетки, особено кон бисерите, па дури и избегнал каков било разговор со дамите што го носеле. На една од вечерите, пријателите го запознале со многу интересна и убава млада дама, член на високото општество. Едвај успеал да воспостави комуникација со неа. Упорно избегнувал да ја погледне, токму поради бисерите што таа ги носела.

ЖЕНИ

Она што најмногу ја заинтересирала светската јавност бил љубовниот живот на младиот генијалец. Новинарите се натпреварувале да откријат дали имало жена која ги окупирала неговите мисли и дали некоја од нив можела да го „смири“.

Но, и покрај шпекулациите, Тесла останал сам и не покажал голем интерес да најде животна сопатничка и да се ожени. Наводите од современиците одат дотаму што постои приказна дека Тесла верувал дека целибатот има подобар ефект врз неговата работа.

ЗАОСТРЕНИ СЕТИЛА И НЕРВЕН СЛОМ

Тесла отсекогаш имал изострени сетила, па тврдел дека слуша грмотевици на оддалеченост од 880 километри. Меѓутоа, она што му се случило за време на неговата работа во Будимпешта, не можело да се спореди со ништо, а лекарите, во отсуство на подобро име, ја дефинирале таа состојба како распаѓање на нервите.

Можел да го слушне отчукувањето на рачниот часовник, кој бил оддалечен од него со три соби, додека обичното слетување на мува на масата предизвикало вистински татнеж во неговата глава. Звукот од локомотивата, оддалечена триесетина километри од него, ги затресило дури и неговото биро и земјата под нозете, предизвикувајќи голема болка во неговото тело. „Заглушувачка бучава одблизу и оддалеку“, напишал Тесла, а лекарите ја прогласиле за неизлечива болест.

ГУЛАБИ

Тој неизмерно ги сакал гулабите и бил фасциниран од нив. Секој ден доаѓал во паркот да ги храни. Ранетите и болните гулаби ги носел во својот стан, па многу гости на хотелот се жалеле на вревата и на смрдеата. Сепак, еден гулаб зазел посебно место во неговото срце. Го сакал како ниту едно друго суштество, се грижел за него и нагласил дека сè додека гулабот постои, тој има цел во неговиот живот. Тесла продолжил да се грижи за него дури и кога гулабот се разболел. Неговата смрт длабоко го погодила.

Веројатно кога ќе ги прочитате овие факти за животот на Тесла кои не можат да се најдат на Википедија, една од најпознатите онлајн енциклопедии, нема да можете да не се замислите. Колку е тенка границата меѓу генијалноста и лудилото? Може ли, воопшто, да зборуваме за лудило? Што ако нашиот мозок, едноставно, не е во состојба да го разбере поширокото значење на сите овие работи кои беа составен дел од неговата генијална личност?

Едно е сигурно за Никола Тесла. Колку и да водеше мистериозен живот, сето тоа паѓа во сенката на неговите дела и на она што тој го направи за човештвото. Никола Тесла е име што се почитува во светот. Додека гордо го изговараме и го истакнуваме нашето заедничко потекло, длабоко во срцата се надеваме дека повторно ќе се најде некој нов Тесла, кој ќе има услови да создава во својата земја, меѓу својот народ.

error: Content is protected !!