ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Што би направил Супермен за Македонија ако победи на Евровизија?

FLIP: Кој поубаво пее: Виктор, Роки или Супермен? В.А.: Роки...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?!

Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ дозволувам на болеста да ме совлада. Треба јас да ја поразам. Со овие позитивни мисли што ги имам, секако дека нема да ѝ дозволам. Навистина сум супер добро и полна со ентузијам. Со нетрпение го чекам 30-ноември да видам што ќе одлучат американците, ако не се одобри овој лек што е првиот, тогаш ќе го чекам наредниот бидејќи има 5 до сега, но сите во почетниот процес.

FLIP: Што незнае јавноста за тебе?!

Симона Н.: Има некои нешта што јавноста уште не ги знае за мене, но и тие нешта ќе ги знае, се разбира откако ќе застанам пак на нозе. Сега нема да зборувам за тоа и не дека ми недостига смелост или слично, туку сакам прво да се осамосталам. Сакам да бидам независна пак.

FLIP: Кои три именки те опишуваат?!

Симона Н.: Борбена, амбициозна и интелигентна. Секако, има уште хехех… тие ми се доблести.

FLIP: Што те прави среќна?!

Симона Н.: Секако да пишувам. Тоа ме прави среќна и ме исполнува. Веќе знаете дека обожавам филмови и латино серии, и кога ги гледам ме прави среќна. Исто така да патувам, да посетувам места кои одам за прв пат. Кога се возам на мотор иако тоа не го правам со години, ме прави среќна. Дури и звукот на нивните загреани мотори. И да се тетовирам ме прави среќна. Обожавам тетоважи.

FLIP: Навика која не ја сакаш, а ја повторуваш?!

– Единстено тоа што седам во место. И ми смета. Многу. Како дете бев многу хиперактивна, нон-стоп трчав и се прибирав дома само за јадење и спиење. Не сакам да седам во место, а морам.

FLIP: Дали имаш искрени пријатели, во време на севкупен хаос?!

Симона Н.: Секако дека имам. Малку, но лојални. Познаници имам многу, но не можам да ги наречам пријатели бидејќи не се до мене и со мене. Секогаш велам… подобро еден добар и верен пријател, неголи десет лажни.

FLIP: Каде е местото денеска на малиот-обичниот човек?!

Симона Н.: Уште на почетокот. Сакам да кажам… имам мал напредок и не стојам во место, но сепак сум уште на почетокот. На Амазон ми оди супер. На таа платаформа за овие 2 години сум презадоволна, за разлика од тука кај нас. Ме дискримираат, за жал. Но не ги судам, нажалост таков им е менталитетот. Јас продожувам напред и не се откажувам никогаш. Од ништо.

FLIP: Дали имаш чувство дека не си за овде ?!

Симона Н.: Тоа е многу јасно. Можам да кажам дека прашањево е одвишок. Веќе ги знаете моите соништа и моите цели. За филмските сценарија цел ми е Холивуд, за сценаријата за сериите цел ми е Телевиса во Мексико или Телемундо во Мајами, а за книгите цел ми е цел свет. Јасни ми се целите и ќе борам да дојдам до нив. Во нашава земја нема иднина ниту да се исполни сон од големина како мојот. Јас не се гледам тука.

FLIP: Што те вознемирува повеќе отуѓувањето помеѓу луѓето или лоша критика?!

Симона Н.: Отуѓувањето помеѓу луѓето дефинитивно. Лошата критика не влијае лошо врз мене, напротив. Ќе премолчам и ќе анализирам. Но не е убаво отуѓувањето помеѓу луѓето затоа што го прават за глупости. Баш за глупости. Посебно она типичното меѓу роднини. Кавги, пример – за парче земја, што се вика очи ќе си извадат меѓу себе и кога ќе дојде важен момент без разлика дали е среќен или тажен, пак се заедно, но дволично. Тоа не ми се допаѓа.

FLIP: Македонска поговорка која вреди да се знае?!

Симона Н.: Трипати мери еднаш крој, убавиот збор и железни порти отвора, што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш.

FLIP: Сите сме во калта, но некој од нас ги гледа и ѕвездите (Оскар Вајлд) Има ли живот без кал?!

Симона Н.: Нема. Падежите се калта. И после секој падеж требаш да станеш и да продолжиш. Треба да се трудиш за да излезеш од калта. Секој човек барем еднаш паднал во кал. Зависи каков ни е проблемот таква е калта. Кога веќе ми го спонавте… настанот за кој Окар Вајлд си ја уништил својата кариера, всушност му ја уништиле, за мене е абсурден. Денес и јас сум во кал и тоа до гуша, па се борам да излезам од неа.

FLIP: Дали ако го замениме СТРАВОТ со ВЕРБАТА, сонот ќе се исполни?!

Симона Н.: Се разбира дека да! Секако! Вербата во себе и во Бога треба да ни е огромна. За да ни се исполни сонот мора да веруваме во него. Стравот не постои. Стравот си самиот ти. Твојата несигурност и неспособност за соочување е всушност твојот страв. Замени го со верба. Како јас.

FLIP: “Никогаш немојте да го заборавите детето во себе”- Стапица од Горан Стефановски лекција или предизвик?!

Симона Н.: Искрено не ни знам кој е господинот. Не знам никое негово дело, но ќе потрудам наскоро. А дадениот наслов е одличен и вистинит. Според мене и за мене е и двете. И лекција и предизвик. Јас имав многу убаво и среќно детство. Иако се разболев, па имав. Но немав убава и среќна адоленсеција. Ќе надоместам за сè. Ветувам!

FLIP: Македонски писател кој те воодушевува?!

Симона Н.: Јас! Хехех се шегувам. Најискрено немам прочитано некое наше дело. Претежно читам онлајн книги и на шпански јазик затоа што физичка книга да држам и прелистувам ми е тешко. Јас едвај пишувам на тастатура, а пак рачно со пенкало воопшто не можам.

FLIP: Ако покажувањето на емоции е за “слаби” луѓе, дали ЉУБОВТА кон пишаниот збор е доволна за да бидеш разбрана?!

Симона Н.: Оној кој го кажал е слаб и несигурен човек, а не љубовта и емоциите. Напротив, тие чувства се за храбрите и сигурните луѓето. Само интелигентните и способните можат да се соочат со падовите и пречките на љубовта. Оние што ме сфатија што сакам да кажам секако дека љубовта кон пишаниот збор е доволна за да бидам разбрана.

FLIP: Колку за тебе е СТРАВ, а колку ПРЕДИЗВИК, да се издвоиш од стадото новокомпонирани писатели кои секојдневно ги сретнуваме?!

Симона Н.: Стравот не постои за мене. Сето ова е голем предизвик за мене и повеќе бидејќи се соочувам истовремено со ужасна болест. Како што кажав, дискримирана сум, но и тоа е предизвик за мене. Животот е круг и не знаеме што ни носи утрешниот ден.

FLIP: Дали твоите дела можат да добијат и друга форма, пример театарска претстава, филм?!

Симона Н.: Да, секако. Би било одлично да напишам филмско сценарио според нив, но во иднина. Сега планирам да создадам книга според едно мое сценарио за теленовела ЉУБОВ ВО ТИШИНА, но до година. Моментално пишувам друга книга КОЈА СУМ ЈАС?, а планирам и сценарио за акционен филм МРАЧНА ПРАВДА. За годинава сум фул.

FLIP: Имаме ли критична маса од зрели читатели?!

Симона Н.: Не баш. Добро ја анализирам секоја критика, но и добивам лажни импресии. Го забележувам тоа. Сепак читателите треба да се свесни дека секој писател свој стил и начин на пишување. Нема потреба да критики. Со тоа едноставно го омаловажуваат трудот на писателот. Ако на еден не му се допаѓа, на друг му се допаѓа. Еднаш многу на почетокот еден колумбиски автор ми рече “Нема лоша книга. Најлоша е таа што не е напишана.” И така е.

FLIP: : За крај кои се твоите желби?!

Симона Н.: Веќе сите ги знаат. Безброј пати сум кажа. Но пред сето тоа, моја голема желба е застанам пак на нозе. Макар и со помош на бастум да е, сакам да чекорам. Потоа сакам да заминам во Мексико, таа ми е желба од малечка, па полека, полека да дојдам до Холивуд. Моментално имам желба за нова тетоважа и ќе ја исполнам наскоро.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

Овој месец Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето

30ти Јули со почеток во 21 часот: "Концерт на Ori Dagan, jazz вокалист од Торонто, Канада", лауреат на неколку Северно-Американски натпревари меѓу кои и GREAT...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!