Ја најдоа најстарата жена на светот: Ја регистрираа кога дошла да и дадат вакцина против корона.
Баба има 124 години.
Инсистирањето на властите во Индија да ги вакцинираат најстарите граѓани што е можно поскоро доведе до откривање на веројатно најстарата жена во светот.
Според медиумите во Индија, лекарите кои биле во посета на најстарите граѓани за да им дадат доза од вакцината, наишле на Рехта Бегум. Бегум тврди дека има 124 години, што е седум години постара од Јапонката Кејн Танака, која во моментов е позната како најстарата жена на светот.
Ако Бегум има навистина 124 години, тоа би значело дека таа е две години постара од Жан Калмент, Французинка која почина на 122 години во 1997 година и која официјално е призната како најстарата жена досега.
Една баба од Индија им покажа на локалното население картичка за топол оброк, на која пишува дека има 124 години.
Лекарите потврдија дека на Бегум вакцината и била дадена во средата во областите Јаму и Кашмир.