Jасен знак дека на вашето тело му недостасува ОВОЈ минерал!

Слични

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете. Водич за...

Најмоќниот чистач за организмот

Најмоќниот чистач за организмот. Традиционален рецепт за напиток кој ќе...

Дали е корисно да се пие кефир ноќе?

Дали е корисно да се пие кефир ноќе? Вистина или...

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото. Самата сол...

Туна или лосос: што е поздраво?

Туна или лосос: што е поздраво? Прашање на денот! Зошто е...

Сподели

Jасен знак дека на вашето тело му недостасува ОВОЈ минерал!

Како што старееме, многу е важно да му обезбедиме на телото доволно количество витамини, минерали и хранливи материи. Доколку има дефицит на некое од горенаведените, организмот страда и се распаѓа.

Улогата на селенот во одржувањето на здравјето е голема, а доколку не се внесува редовно се јавуваат здравствени проблеми.

Селенот е многу моќен антиоксиданс кој штити од слободните радикали – нестабилни молекули кои можат да ги оштетат клетките и со тоа да поттикнат болести.

Истражувањата покажаа дека селенот помага во спречување на рак, срцеви заболувања, ревматоиден артритис, астма и други хронични болести.

Позитивно влијае на психичката состојба и расположението – истражувањата покажуваат дека луѓето со ниско ниво на селен во крвта се повеќе склони кон депресија.

Селенот е клучен играч кога станува збор за стареењето, бидејќи најмногу влијае на тироидната жлезда. Тироидната жлезда содржи повеќе од овој минерал од кој било друг орган во телото. Помага во производството на тироидни хормони и го штити телото од штетниот оксидативен стрес. Докажано е дека селенот им користи на оние кои страдаат од болести на тироидната жлезда.

Неговите антиоксидантни својства помагаат да се заштитат здравите клетки од оштетување и да се спречат болести како што се срцевите заболувања, Алцхајмерова болест

Тешко е всушност да се одреди кога се појавува недостатокот на селен, но ова се некои од најчестите симптоми:

  • Не функционирате како и обично
  • Постојано сте уморни
  • Нервозни сте и напнати
  • Имате проблем со тироидната жлезда
  • Се дебелеете одеднаш
  • Чувствувате болка во мускулите
  • Имате синдром на мозочна магла (расеани сте и заборавате)
  • Косата ви опаѓа
  • Имунолошкиот систем ви е  ослабен

Како да внесувате доволно селен?

Меѓу најдобрите природни извори се шампињоните, шитаке печурките, сината риба (сардини, туна, лосос, скуша, харинга), морските плодови (школки, јастог, ракчиња) и цели зрна (овес, јачмен, кафеав ориз).

Значајни количини на селен има и во лукот и кромидот, телешкиот црн дроб, јагнешкото месо, мисирката, пилешкото, полномасното млеко, семки од сончоглед, брокула, боранија, зелка и кокос.

error: Content is protected !!