Како да го доведете вашето тело во топ форма?
Примарна цел на сите луѓе е да бидат здрави и да се стремат да имаат здрав начин на живот. Реалноста е малку поинаква. Поголемиот број од луѓето се опуштаат и уживаат во удобен начин на живот кој вклучува лоши животни навики. Недоволната физичка активност и лошата исхрана стануваат голем проблем кој се рефлектира на вашето тело здравје. Доаѓа до зголемување на телесната тежина и ослабен имунитет. Освен тоа, може да се добијат лоши резултати за крвната слика, а да се појават и други здравствени проблеми. Малите проблеми, ако не се контролираат на време, можат да влијаат врз крвниот притисок, да доведат до појава на дијабетес кој целосно ќе го промени вашиот животен стил.
Лекарите и нутриционистите нагласуваат дека за општо здравје на организмот особено е важно да се балансираат здравите оброци и некои слатки и солени задоволства. Дознајте ги деталите подолу.
Изберете добри извори на протеини
Лесно е да се зборува за здрава исхрана, но кога чувствуваме глад, добиваме неверојатна желба за брза храна и за вкусни хамбургери. За да избегнете напади на глад и да истраете во одлуката да се храните здраво, изберете храна богата со протеини.
Храната богата со протеини ќе овозможи да бидете сити по ручекот. Затоа, не посегнувајте по колачи. Нутриционистите најмногу препорачуваат пилешко месо, туна и посно мисиркино месо. Во пилешкото и мисиркиното месо има малку маснотии. Туната е богат извор на омега3 масни киселини неопходни за зајакнување на нашето срце. Во комбинација со месото секогаш можете да јадете житарки. Тие ќе ве држат сити во наредните 4—6 часа.
Откажете се од газираните пијалоци
Можеби ќе се обидете да се движите и да подготвувате здрави оброци за вашето семејство и за себе, но ако секој ден уживате во газирани пијалоци, вашиот црн дроб нема да може да се регенерира. Кога црниот дроб страда, страда и целото тело и за многу кратко време можете да станете дебели. Газираните сокови содржат многу шеќер, кој телото не може да го обработи за кратко време. Таа е причината која доведува до дебелина кај човекот.
Не мора целосно да се откажете од пијалокот. Обидете се да го прочистите телото за период од неколку недели или пијте само една чаша газиран пијалок за време на викендот. Сè уште е значајно добро познатото златно правило дека треба се пие по 2л вода дневно. За детоксикација на телото, можете да консумирате природни чаеви без засладувачи.
Најдете тренинг во склад со себе
Кога ќе почнеме да се храниме здраво и да споделуваме со пријателите и колегите од работа за нашите нови одлуки, од сите страни ни пристигнуваат совети. Не земајте ги лесно различните програми за вежбање што ги радуваат вашите пријатели.
Погледнете ги вашите физички способности, структурата на вашето тело и слободното време што го имате за да можете навистина да го вклопите тренингот во вашиот живот и тој да ви биде пријатен. Ако седите осум часа на работа, а потоа си одите дома со автомобил, нема да уживате во кардио-тренинг. Наместо тоа, за почеток, започнете со прошетка или со јога. Навикнете го вашето тело на помала физичка активност за да станете посилни и повеќе подготвени за сериозни тренинзи во иднина.
Обично, луѓето не размислуваат на овој начин, водени од желбата што побрзо да дојдат до видливи резултати. Таа е причината што подоцна доведува до презаситеност и до повреди. Затоа, бидете мудри. Променете ги вашите навики придржувајќи се до новите модели на однесување.
Кои трикови ги користите за да бидете во топ форма?