ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Како да имате добро здравје во периодот на менопауза?

Како да имате добро здравје во периодот на менопауза?

Менопаузата кај жените обично се јавува околу 50-тата година од животот, но не значи дека возраста е точно определена. Тешките топли бранови и нарушувања на спиењето како два главни симптома на менопаузата, обично, се најтешки.

Познато е дека нивото на мелатонин се намалува со возраста, а тој може да доведе до полош квалитет на сонот и до појава на депресија. Други вообичаени симптоми на менопаузата се: замор, болки во мускулите или губење на меморијата.

Понекогаш, симптомите и промените се провлекуваат низ животот на жените уште во раните четириесетти години. По појавата на симптомите и на овие сериозни промени, многу жени не можат да функционираат и да ги извршуваат сите свои обврски во текот на денот.

Многу истражувања покажаа дека една петтина од жените побарале одмор од работа од неколку дена откако се појавиле првите знаци на менопауза, а една од 50 жени користела и боледување подолг период.

Во студијата на здравствената клиника Нуфилд, од вкупно 3 275 жени, половина признале дека се депресивни, а повеќе од една третина се бореле со анксиозноста. Дополнителен проблем е тоа што, многу жени, а и нивните гинеколози не препознаваат дека се работи за симптоми на менопауза.

Докторката и специјалистката за менопауза, Ени Еванс, истакнува дека овој период премногу често се означува како животен факт. Таа додава дека дури ниту лекарите не се свесни колку сериозно може да влијае менопаузата врз секојдневниот живот на жените.

Студијата покажа и дека само една петтина од жените примале хормонска терапија дадена од нивните гинеколози за да можат да се справат со промените што ги носи менопаузата. Инаку, истражувањата потврдиле дека овие лекови помагаат во зачувувањето на срцето и на коските.

Експертите сметаат дека во периодот на менопауза потребно е да се промени начинот на живот.

За да го зачувате вашето здравје, особено е важно да внимавате на редовната физичка активност и на квалитетната здрава исхрана. Тоа се однесува најмногу на болести како што се: деменција, остеопороза, срцеви заболувања и дијабетес. Тие се  најчести последици од влегувањето во менопауза и од негрижата за здравјето.

Меѓународната асоцијација за менопауза, поради сите овие причини, ги охрабрува жените да земаат хормонска терапија, иако низ годините имаше многу дебати за тоа дали тоа е здрава опција.

На Универзитетот Колумбија во Њујорк, здружението спроведе студија која покажа дека кардиоваскуларните проблеми и остеопорозата се последица на лошиот начин на живот по влегувањето на жените во менопауза.

„Менопаузата е можност секоја жена да го преиспита својот животен стил бидејќи малите промени можат да имаат голем ефект. Јадете поздраво и движете се повеќе и внимавајте на пороците како алкохолот“, вели водачот на таа студија, Роџер Лобо.
И тој и други експерти препорачуваат да се поттикне мозокот на вежби преку читање или решавање загатки, што е многу корисно во борбата против деменција.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!