Како да го подготвите омилениот десерт на Анџелина Џоли?
Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли е страствен љубител на виното, па пред неколку години ја лансираше „Роза“ со етикетата на својата визба во замокот „Миравал“.
Со вино, но црвено, го прави својот омилен десерт кој би можеле да го наречеме „пијани круши“. Шегата на страна, ова освежително уживање можете лесно да го подготвите сами, и да уживате во него како дива.
СОСТОЈКИ ЗА ЧЕТИРИ ЛИЦА:
- осум круши
- кафеав шеќер
- ѕвездениот анасон
- цимет
- лимон
- слатко црвено вино
- сладолед или крем за комплетирање
ПОДГОТОВКА:
Излупете ги крушите, така што ќе се обидете да ја сочувате формата на крушите. Исечете тенко парче од долниот дел за да може крушата да стои.
Во мало тенџере загрејте чаша вино заедно со 30 гр шеќер, една ѕвезда анасон, парче цимет и кора од еден лимон исечкана на ленти. Кога ќе зоврие, сè варете 3-4 минути.
Наредете ги крушите една до друга во тавче, додадете го виното и варете на тивок оган 2 часа и 30 минути. На половина од готвењето посипете ги со претходно добиениот сос, за да бидат убаво обоени и натопени. Ако сакате сос како сируп, префрлете го во друго тенџере и варете на оган да се згусне.
Послужете ги крушите со сладолед или крем.
Уживајте!