Како да ја победите депресијата предизвикана од тмурното време?

Слични

Четири додатоци за пиење во сезоната есен — зима

Четири додатоци за пиење во сезоната есен — зима Студеното...

Како да ја намалите телесната тежина по породувањето?

Како да ја намалите телесната тежина по породувањето? Губењето телесна...

Природни лекови кои помагаат при забоболка

Природни лекови кои помагаат при забоболка. Дали ве разбуди или...

Моќен домашен мелем ќе ви го олесни животот

Моќен домашен мелем ќе ви го олесни животот Постои многу...

Сподели

Како да ја победите депресијата предизвикана од тмурното време?

Со доаѓањето на есента, денот станува пократок, дождовите се вообичаена појава, сообраќајниот метеж е почест и поголем.

Преминот од една сезона во друга и промените во температурата, исто така, влијаат на оние што ги обожаваат сите сезони. Сепак, ненадејната промена од топли во студени денови, негативно влијае на расположението на многумина.

Со доаѓањето на есента, денот станува пократок, дождовите се вообичаена појава, сообраќајниот метеж е почест и поголем. Летниот режим престанува да важи во сите сегменти од општеството, а опуштеното расположение, покарактеристично за летото, почнува да опаѓа.

Иако ова не важи за секого, постојат и такви типови луѓе кои чувствуваат меланхолија и необјаснива тага на почетокот на есенските денови.

И покрај фактот дека состојбата на депресија е покарактеристична за пролетта, таа не е невообичаена дури и во есенскиот период.

Веројатно, оваа година депресивното расположение кај луѓето ќе биде поизразено поради вознемиреноста и стресот низ кои поминавме во овие речиси две години од пандемијата. Тоа нè наведува да започнеме да мислиме на себе и да дејствуваме превентивно.

Оваа состојба на депресија која е последица на мрачното време може да се спречи на добар начин.

Тмурното време многу често предизвикува мрачни мисли кај луѓето кои се склони кон тоа. За да го спречите ова, обидете се да гледате помалку телевизија и да слушате вести, особено лоши. Ова особено се однесува на вестите што се однесуваат на болеста и на црната хроника.

Пожелно е да избегнувате негативна средина и да се опкружувате само со луѓе што ви се допаѓаат. Покрај тоа, дури и ако температурите се пониски отколку во лето и ако врне дожд, пожелно е имате физичка активност.

Прошетајте, дури и кога врне. Тоа може да биде пријатно за вашето тело, а особено корисно за вашиот ум.

Ако движењето во лоши временски услови не е активност што ви одговара, психотерапевтите ве советуваат да се свртите кон корисни содржини во вашиот дом.

Читајте книги со весела содржина, а ако веќе посегнете по далечинскиот управувач, гледајте комедии и романтични филмови.

error: Content is protected !!