ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Како да откриете дали му недостига железо на вашиот организам?

Како да откриете дали му недостига железо на вашиот организам?

Статистичките податоци покажуваат дека кај 30—40% од населението на нашиот континент се забележува недостаток на железо во организмот. Тоа може да биде предизвикано од различни фактори — од навики во исхраната до хронични болести. Во продолжение ви откриваме како да препознаете дека ви недостига железо, кои се главните причини за тоа и како да го надминете тоа.

Главни знаци за недостиг од железо

Хроничен замор

Заморот може да биде предизвикан од сè: од недостиг од течност во телото до клиничка депресија и хормонална нерамнотежа. Сепак, треба да се запомне дека железото е одговорно за производството на хемоглобин. Ако го нема доволно во телото, клетките не се заситени со кислород и како резултат на тоа се чувствуваме уморни веднаш по будењето, дури и ако сме спиеле доволно и сме испиле кафе по појадокот.

Состојба на кожата

Со недостигот од железо, дури и кожата која воопшто не е склона кон сушење, може да пукне и да се лупи. За тоа нема да помогнат ниту хидратантни креми ниту серуми (козметиката, за жал, не е во состојба да го реши проблемот зашто коренот е внатрешен). Покрај тоа, во отсуство на железо, тенот станува блед, добива нездрава сивкаста нијанса, а кожата го губи природниот сјај.

Главоболка

Главоболките се поврзани и со недостигот од хемоглобин. Ако клетките не добиваат доволно кислород, може да се појават главоболки и мигрени, а на крајот да станат и хронични. Непријатен бонус за нив е намалувањето на перформансите и на концентрацијата.

Состојба на косата и на ноктите

Со недостигот од железо косата станува сува, кршлива и повеќе паѓа, а како и во случајот со кожата, тука нема да помогнат никакви маски, масла и мелеми. Ноктите стануваат потенки и покршливи, а плочката на ноктите нерамна.

Причини за недостиг од железо

Растителна исхрана

Отфрлањето на производи од животинско потекло, несомнено, има многу предности за телото, но и некои недостатоци. Железото од растителните производи се апсорбира многу полошо отколку од месото или рибата поради помалата биорасположливост. Веганите и вегетаријанците треба редовно да го следат нивото на железо и да се консултираат со специјалист кој ќе им помогне да ја прилагодат нивната исхрана и, ако е потребно, да им препише додатоци во исхраната.

Неурамнотежена исхрана

Статистичките податоци покажуваат дека луѓето кои се придржуваат до растителна исхрана имаат помала веројатност да страдаат од недостиг од различни микронутритиенти бидејќи се повнимателни при планирањето на исхраната. Обидете се да јадете поразновидна храна и фокусирајте се на природна, минимално обработена храна.

Консумација на храна која ја попречува апсорпцијата на железото во цревата

Постојат намирници кои, иако се здрави, ја попречуваат апсорпцијата на железото во цревата. Такви се, на пример, солите на фитинската киселина кои се наоѓаат во цели зрна, оксалатите од свеж зеленчук и полифенолните соединенија од кафе и чај. Секако, не треба да се откажувате од овие намирници, само имајте на ум дека треба повеќе да јадете производи богати со железо.

Прекумерна тежина

Со прекумерна тежина (ако ова е медицинска дијагноза), често се јавува зголемено производство на проинфламаторни супстанции кои ја попречуваат апсорпцијата на железото и ја намалуваат неговата биорасположливост.

Редовни спортски активности

Физичката активност е корисна за секого. Таа доведува до значително зголемување на потребата за протеини и течности и за витамини и минерали, вклучувајќи го тука и железото.

Справување со недостигот од железо

Ако имате некој од горенаведените симптоми, треба да се консултирате со специјалист и да направите тестови кои ќе ја покажат точната причина за тоа. Секако, лекарот може да препише суплементи кои брзо ќе го вратат железото во нормална граница, но има и многу здрави намирници богати со железо што треба да се додадат во исхраната. Во вашата исхрана вклучете: школки, посно црвено месо, леќа, мешунки (бел грав, леќа и леблебии), суво грозје, индиски ореви и сок од домати.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!