Како да се мотивирате самите себе и да почнете со трчање?

Слични

6 совети како да станете утрински тип (дури и во зима)

6 совети како да станете утрински тип (дури и...

Три вештини кои треба да ги совладате пред Нова година

Три вештини кои треба да ги совладате пред Нова...

Како да се заштитите од навредите на другите луѓе?

Како да се заштитите од навредите на другите луѓе? Како...

5 причини за емоционални испади

5 причини за емоционални испади. Повеќето луѓе, вклучувајќи ја и...

Сподели

Како да се мотивирате себе и да почнете со трчање?

Можеби сте донеле одлука да се посветите на самите себе и на вашето тело, на соодветен начин, но едноставно ви е тешко да станете и да почнете да трчате. Ако решите да станете и да трчате и ако го правите тоа редовно, ќе бидете горди на себе, но и свесни дека ги држите телото и умот под контрола. Притоа, вежбањето има различни придобивки за вашето тело. Помага при согорувањето калории, правејќи ја вашата фигура витка. Затоа, особено е важно секогаш да се биде во движење. Меѓутоа, ако имате проблеми со мотивацијата, треба да направите јасен план кој ќе влијае на тоа да се раздвижите.

Зошто сакате да трчате?

Наместо да ги наведувате изговорите за да не трчате, издвојте ги работите што ве мотивираат да започнете да трчате. Тие ќе ви дадат позитивна енергија да започнете со тренинг.

Најдете конкуренција

Ако сакате да се натпреварувате, договорете се со некој пријател да трчате заедно. Поставете си цели што треба да ги постигнете за време на тренингот и започнете го натпреварот. Запишете го победникот по секој тренинг. Целта нека ви биде секој месец да бидете број еден.

Намалете го минималното време

Во деновите кога не можете да го пополните дневното време за трчање, трчајте онолку време колку што имате на располагање. Тренингот не мора да трае еден час. Можете да го скратите и тој да биде што е можно попродуктивен. Со овој режим на вежбање ви останува навиката да тренирате од недела во недела и не постои ризик да го изгубите тој ритам.

Одржувајте здрава тежина

Трчањето согорува калории и го намалува салото на стомакот ако се храните здраво. Избегнувајте да јадете доцна навечер. Приспособете ги оброците на вашето тело и неговите потреби и не прејадувајте се.

Препуштете ѝ се на позитивната енергија по тренингот

Опуштете се по тренингот и дозволете си да бидете исполнети со чувство на задоволство и моќ. Не е важно колку килограми имате и дали штотуку сте го завршиле првиот тренинг. Дозволете си пофалби и фантастично чувство кое се буди по трчањето поради лачењето на ендорфинот.

Поставете си јасни цели

Разложете ги вашите намери на мали јасни цели со кои можете да управувате. На тој начин ќе забележите мало поместување од недела во недела додека не ја исполните секоја ваша поставена цел.

Тренирајте внимавајќи на временските услови

Кога одите на трчање, проверете какво е времето надвор и тренирајте на соодветен начин. Невниманието може лесно да доведе до настинка, а тоа ќе оневозможи да тренирате во наредните неколку дена затоа што лежите во кревет.

Дозволете да ве придвижи музиката

Одвојте време да направите плеј-листа со сите ваши омилени песни што ве мотивираат и придонесуваат да се чувствувате убаво. Изберете весели песни кои ви даваат сила и ве поттикнуваат да сакате да бидете ѕвезда на подиумот. Дозволете си да ве понесе музиката и таа ќе ви даде волја да продолжите да тренирате.

Променете ја вашата рутина

Не одете по истиот пат секогаш. Менувајте ја вашата рутина секоја недела, на секои два дена. На тој начин ќе добиете нов предизвик и околината ќе ви стане поинтересна.

И на крај… Можеби ќе ви биде тешко да трчате бидејќи сте го избрале вечерниот термин. Темнината и ноќта можат да создадат депресивна атмосфера. Променете го времето на трчање и уживајте во сончев ден, наутро или попладне.

error: Content is protected !!