Како да се подготвите за новиот ден?
Можеби звучи банално да се посвети посебно внимание на подготовките за претстојниот ден, но во ова бурно време е многу важно како го доживувате секое утро кога ќе се разбудите.
За да не бидете мрзливи, нервозни и да „стоите на левата нога“ цел ден, ви препорачуваме да се подготвите на почетокот од денот и да се насочите кон некои позитивни навики, ритуали, мисли и практики. Како да се подготвите и да „извлечете максимум“ од новиот ден? Еве неколку предлози.
Краток тренинг за почеток на денот
Познато е дека вежбањето и физичката активност имаат позитивно влијание врз телото и душата, а особено е пожелно новиот ден да се започне со утрински тренинзи. Погрижете се спортот што го практикувате да биде во согласност со вашите потреби, возраста и општата физичка подготвеност. На тој начин ќе внесете позитивна навика во вашиот ритам на денот, ќе бидете во форма, ќе ги зајакнете мускулите, ќе добиете поголема концентрација и ќе се чувствувате поубаво бидејќи правите нешто добро за себе.
Тренингот е вистинската активност за добар почеток на еден напорен ден, без оглед на тоа дали се работи за трчање, пилатес или само за неколку основни вежби за истегнување. Добри се кратките вежби за јога познати како Пет Тибетанци, кои претставуваат пет пози за враќање на енергијата, флексибилноста и менталниот фокус. Со рекреацијата ќе ви се подигне самодовербата. Познато е и дека од жлездите, при вежбање се лачи серотонин, па ќе бидете поопуштени додека ги извршувате секојдневните обврски.
Утрински ритуал: кафе, мир и тишина
Ако не се занимавате со спорт и вашите механизми за одбрана од стрес се кафе и цигари за да се опуштите пред стресниот работен ден, и тоа е во ред. Обидете се да се свртите кон позитивни мисли и уживајте во кафето. Ако сте возрасен пушач, заменете ја цигарата со електронски грејач за тутун како што е IQOS и слични производи кои се алтернативно решение за класичните цигари. IQOS овозможува попријатно искуство за консумирање тутун без согорување, а со тоа и без оган, чад и пепел бидејќи се базира на технологијата на загревање на тутунот на пониска температура. Тоа значи дека ќе се намалат и непријатните мириси и нивото на штетни и потенцијално штетни материи за разлика од употребата на цигарите.
Пред еден куп мејлови и повици, лоши вести од телевизорот и сообраќајниот метеж, ви треба време за себе. Утрото е дел од денот кога го градите својот „штит“ од негативните работи кои ве очекуваат во текот на денот.
Планирајте го вашиот ден однапред
За денот пред вас да не биде хаотичен и полн со стрес, полесно ќе ви биде доколку однапред го испланирате со кафе и појадок. Појадокот нека биде здрав и хранлив за да ви обезбеди доволно енергија за новиот ден. Познато е дека одреден вид храна може да го поттикне лачењето на хормоните на среќата (веќе споменат серотонин), а некои од нив се млекото, јајцата, рибата, младото сирење, соиното млеко, бананите итн.
Кога зборуваме за правење планови за тоа како ќе изгледа вашиот ден, не мислиме само на обврските кои ве очекуваат на работа, туку и на времето кое ќе го поминете по работа, со саканите или сами, како и каква активност ќе вклучите во вашиот распоред и со што ќе се наградите самите себе. Одење на базен, возење велосипед, кино, пикник, шетање во природа или близок парк, работа во градината, дружење со пријателите, чаша вино со нова книга која сами ќе ја купите…, имате многу можности.
Гаџети кои мерат колку сте здрави и активни
Познато е дека добриот сон е предуслов за да се биде функционален и добро расположен. Нашите навики за спиење влијаат врз општата состојба на телото и менталното здравје. Најновата технологија, и покрај нејзините недостатоци, може да стане наш најдобар сојузник во следењето на важни индикатори во однос на тоа дали доволно се движиме, дали нешто ни пречи на нашиот сон, дали срцето ни чука со вистинскиот ритам, дали имаме доволно кислород во крвта итн. Сите овие параметри денес можат да се мерат со „паметни“ часовници кои ни сигнализираат дали нешто не е во ред.
Апликациите на овие паметни уреди ќе ви кажат кога е препорачливо да спиете, колку вода треба да пиете, ќе ве „кренат“ од столот ако седите предолго и ќе влијаат за да живеете поздраво. Спијте малку, сменете ги лошите навики и „слушајте“ го вашето тело.
Секое утро е нова можност да доживеете убави нешта и да напредувате на професионален и на личен план. Подгответе се добро за новиот ден, за да бидете задоволни со себе, да се смеете, да се движите, да се дружите и да си честитате за малите и големите достигнувања. Затоа, започнете го секој нов ден радосно и успешно!