ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Како да се заштитите од навредите на другите луѓе?

Како да се заштитите од навредите на другите луѓе?

Како да не Ве навредуваат туѓите навреди – заштитете го срцето од отровните стрели!

Здрава комуникација, без негативност и навреди е неопходна за развој на односи од секаков вид, партнерски, пријателски, колегијални, семејни. Меѓутоа, во текот на животот често се соочуваме со токсична комуникација во која доминираат навредите, на кои често враќаме со навреди и потоа тој оган се пали, додека не се повреди вашето и туѓото срце. Навредите се отров во комуникацијата, а за жал денес можеме да ги слушнеме од луѓе кои не ги познаваме. Тоа се навреди на сметка на изгледот, однесувањето, ставовите, одлуките и секоја од нив може да остави лузна на душата.

Како тогаш да се заштитите од нив?

Еден од начините е исцелителната способност за простување.

Простувањето е откажување од огорченост, омраза и осуда. Кога простуваме, ја покажуваме само нашата големина, се заштитуваме од понатамошниот развој на негативна комуникација и токсична енергија, а огорченоста ја заменуваме со љубов. Вистина е дека простувањето генерално не е лесно и дека понекогаш е тешко да се прости, но важно е да се разбере дека простувањето не значи дека сè уште сте во контакт со некого. Исто така, простувањето не значи дека одредени дела треба да останат неказнети. Кога ќе простите некому, направете го тоа за себе. Се додека носите горчина во себе поради расправија или навреда, тоа ќе ве изеде одвнатре.

Кога знаеме да простиме и да продолжиме понатаму, но од срце, тогаш тој товар се отстранува, се рушат ѕидовите од нашата душа и повторно сме слободни. Експертите за емоции честопати велат дека понекогаш треба да се вратиме во времето и да простиме, и на другите и на самите себе, за да можеме да создадеме подобра иднина. Во ситуации кога е можно да се направи тоа, простувањето е исцелување.

Друг начин да се заштитите од навреди е да ги знаете и да бидете свесни за вашите права и да се борите за нив.

Не треба да се срамите да го направите ова – имате свои права и секогаш покажувате дека некои граници не можат да се преминат. Обично човекот се однесува или како лош господар или како љубезен слуга, но вие треба да бидете гостољубив господар на ситуацијата – не дозволувајте да бидете понижувани и не понижувајте ги другите.

Ако сакаме да избегнеме токсични врски и навреди, тогаш треба да ставиме крај на прекумерната зависност од некоја личност. Ако непромислено се потпираме на друга личност, станеме зависни од него, му дозволуваме да располага со нашите ресурси, енергија и неконтролирано да ги користи нашите чувства, тој сè повеќе ќе ја користи ситуацијата. Избегнувајте врска која предизвикува зависност, но развијте квалитетен однос со себе. Кога знаете да се сакате искрено и здраво, тогаш полесно ќе воспоставите таква врска со другите.

И што е најважно – За да не бидете навредени, треба да имате хармонична внатрешна состојба.

Преку љубовта човекот стекнува целосна внатрешна независност од светот. Тогаш никој не може да не навреди. Постојано работете на себе, личниот развој, негувајте го својот мир и способности. Бидете лојални на себе!

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!