Како исхраната влијае врз менталното здравје на децата?

Слични

Како да престанете да бидете сопруга која постојано се жали?

Како да престанете да бидете сопруга која постојано се...

Како и кога бебето почнува да го препознава своето име?

Како и кога бебето почнува да го препознава своето...

3 лесни начини за подобрување на исхраната на вашето куче

3 лесни начини за подобрување на исхраната на вашето...

Сподели

Како исхраната влијае врз менталното здравје на децата?

Здравата исхрана е клучна за развојот, растот и хормоналниот статус на организмот.

Најновото истражување спроведено во Велика Британија покажува дека зголеменото консумирање овошје и зеленчук е поврзано со менталното здравје кај децата.

 

Врската меѓу исхраната и менталното здравје кај децата и возрасните не е целосно разјаснета, додека врската меѓу исхраната и физичкото здравје е сосема јасна и позната“, истакнуваат авторите на студијата.

За време на студијата научниците анализирале 7 570 средношколци и 1 253 деца во основно училиште. Се покажало дека има голема поврзаност меѓу исхраната и менталното здравје кај поголемите деца. Таа поврзаност кај помалите деца не била особено прикажана, најверојатно поради малиот примерок испитаници.

Истражувањето покажало дека 5 или повеќе порции овошје или зеленчук значително влијаат врз менталното здравје на учениците во споредба со 3-4 или 1-2 порции. Кај децата кои имале 5 или повеќе здрави оброци се забележал подобар резултат во однос на менталното здравје (3,73 единици). Покрај тоа, се забележало и дека кај децата кои не појадувале и кај тие кои пиеле енергетски пијалоци, резултатот се движел меѓу 2,73 и 3,14 единици. Подобри резултати имале и децата кои носеле ручек од дома.

Здравата исхрана е клучна за развојот, растот и хормоналниот статус на организмот, со директни ефекти врз биолошките процеси, како што се оксидативните и  воспалителните, но и врз имунитетот и функцијата на мозокот“, истакнуваат авторите на студијата. Тие, исто така, додаваат и дека нездравата храна предизвикува воспаление, а тоа ја отежнува борбата против депресијата. Недоволното внесување на магнезиум, фолати и цинк е поврзано со депресијата, додека недостигот од Омега-3 масни киселини е поврзано со вознемиреноста.

error: Content is protected !!