Како може да знаете дека навистина е крај меѓу вас и дека треба да раскинете?
Никој не влегува во љубовна врска со намера еден ден да раскине.
Колку и да звучи како бајка, сите потајно се надеваме дека тоа е ТОА и дека врската што ја започнуваме е онаа во која ќе останеме до крај. Па повторно, иако не го сакаме тоа, се случуваат непланирани работи и луѓето раскинуваат. Кога ќе се прекине врската, постои одредена тага поврзана со загубата, без оглед на условите под кои завршиле работите.
Меѓутоа, ако навреме забележите некои знаци, ќе откриете дека вашата врска всушност е завршена и дека е време секој да тргне по својот пат. Кои се овие знаци дознајте ги подолу.
Престана да ви одговара на вашите пораки
Колку долго чекавте тој да одговори на вашата порака во последно време? Дали сте први што му праќате пораки и му се јавувате? Врската е соработка меѓу двете страни, а ако си сам на сцената и држиш монолог што никој не го слуша, значи дека имаш проблем. Не трошете го вашето време на некој кој не ве цени. Наместо тоа, почитувајте се себеси и направете се што е потребно за да го заштитите вашето срце.
Не чувствувате дека има искри меѓу вас
Понекогаш едноставно не е ничија вина. Времето минува, работите се менуваат и еден ден откривате дека не сте истата личност како на почетокот на вашата врска или дека тој не е истиот. Може да се разбудите и да не ја препознаете личноста што лежи до вас, што можеби не се должи на ништо што тој направил. Но, таа промена многу лесно може да доведе до тоа дека поранешната искра повеќе не е меѓу вас, а тоа е знак дека секој од вас мора да тргне по својот пат.
Вашите излегувања се досадни
Освен што се досадни, можеби веќе воопшто не постојат. Ако ниту еден од вас не се труди времето што го поминувате заедно да го направи интересно, тогаш навистина нема смисла да останете во таа врска. Без разлика дали ви снемало теми за кои сакате да разговарате со вашата сакана или едноставно сте престанале да се забележувате еден со друг, тоа е знак дека треба да продолжите одделно.
Ве привлекуваат други мажи
Кога сте искрено заљубени во некого, сепак имате способност да ги забележите луѓето околу вас, особено оние од спротивниот пол. Меѓутоа, тогаш не ни помислувате да го изневерите партнерот. Од друга страна, ако се повеќе се замислувате во прегратките на друг маж, тоа е знак дека не се грижите за вашата врска како порано.