ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Како на најдобар начин да ги негувате вашите раце

Колку од вас овој момент имаат една крема за раце ? Се наоѓа ли во ташната, на полицата која ја користите за чување на козметика или пак можеби во автомобилот или на бирото од канцеларијата во која работиме но секако треб да е тука секогаш во случај рацете да ни станат „уморни“, да се осушат или пак едноставно да станат непријатни на допирање.

Нашите дланки се можеби еден од најисложените делови на нашето тело и затоа не е ни чудо што кожата на дланките ни е чуствителна покрај големата изложеност на сите временски услови и константната „употреба“. Едноставно, дланките покрај тоа што се вредни и работливи, претставуваат и оној дел од телото со кој искажуваме љубов и нежност и затоа ни се од голема важност и треба да бидат пријатни и меки.

По долгата и студена зима која ја имаме поминато, носејќи и соблекувајќи ги ракавиците – нашата сува кожа сигурно ќе очекува пролетно оздравување. Исто така во зимскиот период многу луѓе се среќаваат со проблемот на испукување на кожата или појавата на екцеми а ние во продолжетокот на овој текст ќе ви предложиме како на најдобар начин можете да ја негувате и да ја оздравите вашата кожа на рацете. Во прашање се само три едноставни чекори но ако редовно се придржувате и им посветите внимание резултатот ќе дојде сигурно и брзо.

Нежно пристапувајте при миењето на рацете

Во овој период, миењето на рацете се почесто се применува и ние ги миеме рацете по секое добирање на некои предмети и поздравување со луѓето. Иако миењето на рацете е клучна активност при спречувањете на било каков вид на зараза и затоа мораме се повеќе да внимаваме на тоа со какво средсто ги миеме рацете за да не доведеме до непосакувана иритација и појава на екцеми и црвенила на нашата кожа.

Значи, земете го во предвид хемискиот состав на средството кое го користиме и многу битен фактор е истото да не содржи многу алкохол и неприродни хемикалии. Алкохолот ги уништува бактериите но од друга страна го отстранува природниот слој на масти од кожата што ја прави да биде почуствителна од порано. Ви препорачуваме да ги миете рацете со нежни движења и со сапун кој во себе содржи состојки како што се маслиновото масло и кокосовото масло.

Направете пилинг за вашите раце

За сите оние кои имаат нормална до масна кожа, нежниот пилинг може да помогне во отстранување на мртвите ќелии од површинскиот слој, што значи дека вашите дланки ќе ги направи меки на допирање. Пилингот на рацете никако не треба да биде груб туку треба благо да се нанесува, а ви препорачуваме пилингот да го направите со производи кои во себе содржат ниацинамид кој е богат со антиоксиданси. Секако, не треба премногу да ја триете кожата.

Направете длабинска хидратација на кожата

Под ова не мислиме на пропратно користење на крема за раце додека сте на работа или пак кога ќе излезете од дома иако и таа редовна рутина позитивно влијае на мекоста на вашите дланки „на долги рокови“. Искористете го вашето слободно време кога сте дома за вистински ритуал на негата на кожата, на начин што на дланките ќе нанесете подебел слој од кремата како што би го нанеле на маската на лицето, а потоа дланките да ги покриете со памучни материјали бидејќи тие ќе помогнат кремата побргу да се впие.

Оставете го памучниот материјал (може тоа да биде чиста крпа, ракавица и слично) на рака неколку минути додека кожата не ја впие целосно кремата која сте ја нанеле и веднаш ќе почуствувате поволни ефекти. Пожелно е кремата која во овој случај треба да да содржи и алое вера бидејќи самата билка на најдобар начин ќе ја негува вашата кожа и ќе ја направи да биде мазна. Овој процес не го работете секој ден, бидејќи за тоа нема да има потреба но можете да го примените неколку пати во текот на неделата.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!