Како поместувањето на часовникот може да влијае на нашето здравје.
Летното сметање на времето започнува во недела, 28 март, со поместување на часовникот еден час напред, односно од два до три часот наутро.
Преминот на летно сметање на времето на краток рок значи еден час пократок сон, но на долг рок тоа носи подолго траење на денот во текот на шест месеци од крајот на март до крајот на октомври.
Како оваа промена може да влијае на здравјето
Секоја промена или нарушување во нашиот природен циклус може да предизвика и намалена продуктивност и губење интерес за работа. Во овој период, ние често стануваме повеќе подложни на болести и сме повеќе уморни.
Часовникот се движи напред, така што ќе спиеме еден час пократко. Дерматолозите предупредуваат дека оваа промена може лошо да влијае на вашата кожа, затоа треба да се преземат одредени мерки за заштита и превенција. Губењето на еден час сон може да предизвика внатрешно нарушување на телото што може да влијае на стапката на стареење на вашата кожа.
– Нашето тело е поврзано со нашиот внатрешен часовник на интересен начин. Дури и најмалите промени во овој часовник можат да влијаат на нашето здравје, особено на кожата. Има промени во навиките за спиење, температурата на телото, отчукувањата на срцето, крвниот притисок, нивото на кислород и лачењето на хормони , и сè влијае на тоа како изгледа и се чувствува вашата кожа .
Бидејќи на биолошкиот часовник му треба време да се прилагоди на „вознемирениот будилник“, не треба да ве изненадува ако утре почувствувате силен замор, поспаност, па дури и срцеви проблеми кај постарите лица.
Движењето на часовникот многу влијае на расположението. Ова е особено изразено кај метеопатите и луѓето со чувствителни крвни садови.