Како правилно да се грижите за вашите орхидеи.
Со овие трикови, орхидејата ќе живее подолго.
За да цвета орхидејата поголемиот дел од годината,како најубавото домашно растение, потребно е правилно да се негува.
Откријте ги условите во кои овој цвет се чувствува најдобро.
Орхидеите генерално „сакаат“ влажен воздух и пожелно е, во зависност од собната температура, да ги прскате еднаш или двапати на ден.
На растението му треба посебен вид почва, затоа никогаш не треба да се пресадува во обична цветна почва. Орхидеите бараат лесна и пропустлива почва и тие најдобро се развиваат на плодна почва од хумус или ако се врзани за кората или камчињата.
Би било идеално да се постави растението во близина на прозорецот свртен кон исток, но ако тоа не е можно, важно е да не се преместува премногу често.
На корените им е потребна и светлина, па наместо керамички саксии, подобро е да користите пластични , помалку транспарентни.
Орхидеи не треба да се наводнуваат премногу често, доволно е од 8 до 12 дена – билката никогаш не треба да “плива” во вода.
Ако растението било во ладна просторија во текот на зимата, лисјата може да пожолтат, но нема причина да се грижите – само треба да ги отстраните тие лисја и да продолжите со нормална грижа.