ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Како да направите миризливи свеќи сами, на едноставен начин?

Како да направите миризливи свеќи сами, на едноставен начин?

Правењето свеќи ќе ви овозможи да имате пријатна романтична атмосфера дома кога и да посакате, а во исто време може да стане и профитабилен бизнис. Овој проект „направи сам“ е едноставен и релативно евтин. За многу кусо време можете да направите свеќи по ваш личен вкус. Познато е дека и многу други дами сакаат да го украсуваат својот дом со украсни свеќи. Занимавајќи се со оваа работа, секогаш ќе имате идеален подарок, а со текот на времето ќе можете да заработите од проектот и правењето свеќи да го претворите во бизнис. Исто така, многу е веројатно дека  правењето свеќи ќе ви биде еден вид релаксација како што им е и на многу жени во светот.

Кога ќе најдете време и ќе се впуштите во авантурата за правење свеќи, треба да одлучите кој восок да го користите. На пазарот има парафински восок на база на масло. Лесно можете да го најдете бидејќи тој се користи најчесто и затоа цената е прифатлива. Ако сакате природна подлога за свеќи, користете соја или пчелин восок.

Восокот од соја е стопроцентен природен производ направен од соја. Но, сојата не е погодна за правење самостојни свеќи, туку за свеќи кои се наоѓаат во чинии и имаат цврста основа. Пчелиниот восок е најскап, но дава благ мирис на мед и е здрав. Исто така, тој природно ќе го освежи вашиот простор.

Потребни ви се фитили кои можете да ги нарачате онлајн или да ги купите поголема количина од нив во продавниците. Ништо не може да помине без етерични масла. Тие се вистинско богатство на рачно подготвени украсни свеќи. Етеричните масла можат да ве смират и да го спречат сушењето на воздухот во затворените простории во текот на зимата. Правејќи свеќи дома, сигурно ќе вдишете квалитетно и вистинско есенцијално масло. Можете да го изберете мирисот што го сакате. Ние, генерално, ви  препорачуваме лаванда бидејќи делува релаксирачки и освежувачки.

Овие се мали нешта што ви се потребни за да не ја извалкате кујната и подот, а ќе ви ја олеснат работата:

  • бокал,
  • сад што се загрева,
  • стари весници,
  • извори на вода (чешма),
  • стаклени тегли за правење свеќи,
  • монистра или светки (алтернативно),
  • ножици,
  • фитили и налепници за фитил,
  • дрвени стапчиња.

dom-ureduvanje

Ставете го фитилот во долниот дел од теглата и залепете специјализирана налепница со фитил што ќе го држи цврсто. Фитилот можете да го држите исправено со помош на дрвен стап. Тоа подоцна ќе го олесни процесот на истурање на восокот. Во спротивно, фитилот ќе го држите со рака кога го полиете восокот.

Растопете го восокот во тава и потоа додадете неколку капки (5 до 10) од етеричното масло по желба. Нежно промешајте го и кога тој целосно ќе се стопи, истурете го во сад со фитил. На горната површина на восокот можете да додадете светки или разни монистра.

Ако те ја чувале на собна температура и ако сте користеле парафински восок, свеќата треба да се стврдне приближно за 24 часа. А за пчелин восок и за восок од соја потребни се од 7 до 10 дена за да може восокот да стане цврст.

svekji-vo-domot

 

По овој период можете да уживате во мирисот на вашите украсни свеќи.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!