ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Како социјалните вештини влијаат врз развојот на детето?

Како социјалните вештини влијаат врз развојот на детето?

Знаењето стекнато на најрана возраст влијае врз нашите академски способности и желби, за напредок и развој на интелектуални вештини во текот на животот. Сепак, многу родители ќе бидат изненадени од истражувањето на експертите кои велат дека социјалните способности на детето стекнати во градинка влијаат врз неговата кариера и учење во пубертетот, како и на изборот на факултет.

Социјалните вештини се применуваат во градинка и во тој период најмногу треба да се внимава на детето. Кај децата кои покажаа социјални вештини во градинка во текот на 2015 година се забележа дека тие многу побрзо учат да читаат, пишуваат и да совладуваат нови области. Заинтересирани се и го истражуваат светот околу нив.

Социјалните вештини на детето немаат никаква врска со економската состојба на неговите родители и со образованието на детето. Според истражувањето на психолозите, децата кои покажуваат социјална комплетност во градинка, се подготвени да преземат одговорност за себе и да изградат успешна кариера, но и да добијат академско образование во иднина.

Сè поголем број градинки го скратуваат времето за игра и со тоа ги лишуваат децата од социјален развој. Според психолозите, социјалните вештини на детето зависат од пет важни аспекта и секој родител треба да внимава на нив.

Како се однесува вашето дете кога си игра со други деца?

Играта е силен катализатор за развојот на детето во првите години од животот. За време на играта децата учат да преговараат, да решаваат проблеми во односите со другите и да доживуваат социјален напредок. Можете да му помогнете на вашето дете да остане рационално и да ги решава проблемите со своите врсници на мирен начин.

На детето треба да му се објасни навреме дека ништо не може да добие на агресивен начин. Затоа, надгледувајте ги вашите деца додека си играат со врсниците и дозволете да им се развијат силни социјални вештини.

Како детето ги решава проблемите?

Родителите најчесто брзо реагираат на секој повик од детето и понекогаш му нудат решение и пред детето да го побара тоа. Спротивставете се на оваа родителска потреба и оставете ги вашите деца сами да ги решаваат проблемите. На нашите деца им е потребна практика во која ќе достигнат зрелост и ќе бидат подготвени да преземат одговорност кога ќе пораснат и сами да ги решаваат деловните и приватните проблеми.

Ако детето не е во состојба самостојно да го реши проблемот, разговарајте со него и потрудете се заедно да дојдете до решение. Не решавајте ги проблемите сами бидејќи детето нема да има можност да стекне вештини и самодоверба.

Разговарајте за чувствата

Не игнорирајте го плачот на децата и не зборувајте за тоа колку тие се слаби. Не исполнувајте ја секоја нивна желба за да исчезнат лошите емоции. Разговарајте со вашите деца за емоциите што тие ги чувствуваат и дозволете им да ви кажат како го поминале денот.

Учењето на децата да ги кријат и да ги потиснуваат емоциите не носи ништо добро. Ако ги научите да ги покажуваат своите чувства, ќе создадете стабилни личности кои можат да изградат силна врска со сопствениот партнер во секое време, но и со деловни соработници и колеги од факултет или пријатели од училиште.

Научете го вашето дете да помага

Научете го вашето дете да ги препознава потребите на другите лица и да процени кога е потребно во куќата и во завршувањето на домашните задачи. Јасно е дека можете да направите сè сами, но неопходно е да го научите детето на емпатија. Дозволете му повремено да ви помогне да ги миете садовите или да ги раширите алиштата. Научете го колку е важно да им помага на своите пријатели и да препознае кога им е потребна помош.

Со овие совети ќе можете да го научите вашето дете на нови вештини и ќе видите како расте и станува позрела, независна личност.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!