Како вашиот организам реагира кога конзумирате цимет?

Слични

Што се случува во нашето тело кога јадеме луто?

Што се случува во нашето тело кога јадеме луто? Лутата...

Чај од ѓумбир. Зошто ѓумбирот е здрав?

Чај од ѓумбир. Зошто ѓумбирот е здрав? Чајот од ѓумбир...

Нетолеранција на лактоза во 2021 година

Нетолеранција на лактоза во 2021 година Нетолеранцијата на лактоза е...

Како да ја победите депресијата предизвикана од тмурното време?

Како да ја победите депресијата предизвикана од тмурното време? Со...

Сподели

Како вашиот организам реагира кога конзумирате цимет?

Циметот има пријатен вкус и пријатен мирис кој го направил да биде популарно во готвењето. Циметот е омилениот зачин во домаќинствата и со векови се користи низ светот.

Циметот има антивирусни и антибактериски својства

Се смета дека циметот има многу лековити својства и смирувачки својства и често се користи во кинеската алтернативна медицина. Препознатливиот мирис и вкус на циметото потекнува од етерични масла кои се содржани во кората кои се нарекуваат цинанамалдехид.

Содржи антиоксиданти

Циметот исто така содржи поголеми количини антиоксиданси полифеноли. Антиоксидансите полифеноли можат да помогнат при заштита на организмот од болести и се наоѓаат исто така во овошјето, билките и зачините. Утврдено е дека антиоксидантите во циметот имаат антивоспалително дејство.

Здравјето на цревата

Циметот како и некои други зачини, имаа пробиотски својства кои потикнуваат раст на корисни бактерии и помагаат во сузбивање на растот на патогени бактерии. Редовно вклучување на зачини во исхраната може да помогне во подобрување на здравјето на цревата. Циметот е исто така корисен извор на манган и содржи мали количини калциум и влакна.

Го намалува крвниот притисок

Постојат некои докази кои укажуваат на тоа дека конзумирањето на циметот е поврзано со краткотрајното намалување на крвниот притисок.

Ги ублажува пробавните тегови

Екстрактот од цимет се користи за ублажување на гастротестиналните проблеми во источната и западната медицина. Опишан е како карминатив, познат по пробавни, антимикробни и противвоспалителни својства. Во традиционалната медицина маслото од кора на цимет се користи за лечење на надуеноста и пробавната рамнотежа.

error: Content is protected !!