1. Изберете светол под
Светлите нијанси на даб или јасен се идеални подни облоги за мали станови. Генерално, посветли бои се одличен избор за да се постигне визуелно поголем простор. Ако не сте во можност за оваа промена, доволно ке биде да ставите килим во светла боја, во склад со целокупниот ентериер.
2. Користете линии
Со тапети чии што линии ке се протегаат по целиот ѕид, се постигнува ентериерот да биде поголем од што навистина е. Овој тип на плафони изгледаат повисоки, а притоа се нагласува и нивната висина.
3. Kористете светли и топли бои
Ако просторот е мал, идеално е да одберете бела, беж или некоја друга нијанса од пастелна палета, со што просторот визуелно ќе изгледа поголем.
4. Користете огледала
Веројатно сте слушнале дека огледалото го постигнува визуелното зголемување на просторот, а исто така е и декоративно, особено ако го направите по сопствена желба.
5. Избор на гарнитура
Тежок стилски мебел, нема да биде добар избор за мали дневни соби. Изберете помали и полесни парчиња на мебел, кои ќе може да ги поместувате по потреба. Што се однесува до бојата, најдобро е да бидат во светли или пастелни нијанси.