ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Каква амајлија одговара на вашиот хороскопски знак?

Амајлијата е предмет кој ви донесува среќа и успех на одредени животни планови и може да се креира посебно за вас, но тоа може да биде и било каков накит, привезок, украс кој ќе го носите со вас, ќе го држите во автомобил или во куќа за кој можете да да верувате дека истиот ќе ви носи среќа.

Овен

Амајлијата за луѓето кои се родени во знакот на овен треба да биде во облик на клуч. Тоа ќе привлече професионален успех и подобро балансирање на енергијата во одредени ситуации (кога ќе изгубите трпение). Можете да ја носите како накит или привезок, а најдобро е да одберете клуч од сребро кој ќе ја неутрализира лошата енергија коа е насочена кон вас.

Бик

Биковите треба да носат амајлија која претставува или пак симболизира мачка! Мачката е израз на остроумност и мудрост а нејзината енергија им помогне на тврдлоглавите бикови подобро да ја проценат ситуацијата во која се наоѓаат за да ја почуствуваат атмосферата и расположението и своето однесување да го понесе во согласност со околностите во насока на сопствената корист.

Близнаци

На близнаците им е потребно јакнење на креативната страна за да постигнат рамнотежа и енергетски баланс, хармонија и согласност помеѓу интелектот и емоциите како помеѓу личностите кои им се спротивставени на нив. Вашата амајлија треба да биде во облик на ѕвезда – а тоа е доста убав облик и има широка примена како накит. Можете да го носите како привезок на нараквица.

Рак

На ракот му одговара амајлија која донесува успех и на љубовен и на професионален план, а тоа е детелина со четири листа. Амајлијата во форма на детелина со четири листа може да биде привезок или пак некоја нараквица.

Лав

На огромниот силен и доминантен лав му недостасува некој реласкирачки заштитен знак како што е амајлија во облик на перо од птица. Тоа е доста едноставна амајлија и може секогаш да биде со вас и во најмалиот џеб од вашата торба. Оваа амајлија донесува енергетски баланс, оптимизам и креативност.

Девица

За девицата да остане стабилна, потребно е обврските да ги извршува на свој начин, промислено и без огромен занес за да може да ги совлада сите препреки на сите животни полиња. На овој хоркоскопски знак му одговара амајлија во форма на златно пченично зрно. Потребно е да порачате во некоја златара или кај некој обработувач на накит и бижутерија за да ви обработи ваков привезок. Оваа амајлија секогаш ќе ви помогне да ги реализирате вашите идеи и цели како и да привлечете насмевка.

Вага

Вагата е двоен знак па затоа и соодветствува амајлија во облик на двојна потковица. Ваквиот привезок го има на секој пазар и овој привезок не ја задоволува префинетата смисла за естетика. Можете да го носите во торга или помеѓу впечатлив накит за да не изгуби од вредноста.

Скорпија

На мистичката скорпија и одговара амајлија во форма на права линија со додаток на црвен кристал. Тоа може да биде игла со црвен кристал, круг од мали црвени кристали со вертикална или хоризонтална линија од метал а може да се носи и како накит или копче. Ваквата амалија ќе ве заштити од негативна енергија и ќе би помогне во надминување на тешните ситуации и периоди.

Стрелец

На овој динамичен хороскопски знак му одговара промисленост, мудрост и стабилност, односно му одговара амајлија во форма на желка. Стрелецот нема трпение, а желката ќе ја редуцира импулсивната енергија во моментите кога е потребно трпение.

Јарец

Амајлијата во форма на вилинско коњче е идеална за јарецот од причина што му недостасува леснотија, етеричност и заиграност, а амајлијата ќе привлече енергија на добро расположение, среќа и активност. Ако поминувате низ тежок животен период, вилинското коњче ќе ви помогне да ја вратите самодовербата, ентузијазмот и да постигнете успех.

Водолија

На водолијата и одговара амајлија со верски симбол. Треба да го изберете оној симбол кој одговара на вашата вероисповед а ако не сте религиозни изберете го оној кој е најблиску до вашите уверувања.

Риби

На рибите има треба сонце за да оживеат, и да биднат што е можно повеќе активни. Амајлијата во облик на сонце ќе ви донесе самодоверба, ќе ве извлече од мрачни води, ќе направи промена на вашето расположение, ќе ви помогне да го засилите духот и да се насочите во позитивен правец.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!