Не е тајна дека сите ние бараме различни квалитети кај партнерите, а поради тоа и наметнуваме еден или друг тип на особини на нашиот партнер кој тој кои би требало да ги поседува. Сето тоа може некогаш да зависи и од хороскопскиот знак.
Сите хороскопски знаци имаат различни карактерни особини и поимот на љубовта го дефинираат на различен начин поради што особините кои ги бараат во својот идеален партнер варираат од еден до друг знак.
Овен
Овните се силни по карактер па од таа причина бараат партнер кој ќе им биде слепо послушен и ќе верува во нивните визии. Иако тежнеат кон доминација и манипулација и на нив од време на време им е потребен додатен стимуланс и бараат партнер кој ќе би поддржи нивните идеи и ќе ги поддржи во сите свои одлуки.
Бик
Биковите се интелегентни но поседуваат и авантуристички дух, па затоа бараат партнер кој ќе може да ги следи во сите нивни авантури. Доста се спонтани и одлуките ги донесуваат без многу размислување. Биковите и стравот не одат заедно па затоа донесуваат одлуки кои на многу ќе им изгледаат лудо, па од таа причина ќе им е потребно да најдат партнер спрема себе.
Близнаци
Иако многу од нив изгледаат замислено, Близнаците се доста скромни личности и потребен им е таков партнер. Често водат внатрешна битка и бараат личност која ќе има разбирање и трпение за нив. Исто така бараат и доста интелегентна личност со која можат да разговаараат за се.
Рак
Раковите се емотивно зрели личности и за врска секогаш бараат сериозна личност со која ќе можат да решат многу проблеми. Не барат авантура и бараат верна личност на која во потполност ќе им се препуштат.
Лав
Лавовите се самоуверени и бараат патнер кој може да им парира и кој е успешен како нив. Обожаваат да заминуваат на различни патувања, во потрага по личност која е дружељубива и ќе им биде одлично друштво.
Девица
Девиците се најорганизираниот хороскопски знак и затоа бараат и личност која се ќе има под контрола. Често се случува да бидат сами затоа им е потребен некој кој е независен од други. Имаат широки сфаќања и тоа го очекуваат и од нивниот партнер.
Вага
Вагите се доста шармантни и привлечни харизматични личносто. За да го задржите вниманието на овој хороскопски знак морате да бидете пред се образовани, заинтересирани за историја и култура, да бидете чувствителни бидејќи вагите тоа најмногу во вреднуваат кај останатите.
Скорпија
Скорпиите се доста чувствителни и бараат партнер кој ќе биде стрплив. Најмногу обожаваат луѓе кои се посветени во остварувањето на своите сонови и секојдневно работат на својот личен развој.
Стрелец
Стрелците секогаш се опуштени па од таа причина бараат партнер кој секогаш ќе им служи како потсетник за нивните обврски кои мора да ги завршат. Сакаат искрени луѓе кои ќе ги критикуваат за своите грешки.
Јарец
Јарците се ретко заљубуваат и нив можете да ги импресионирате само доколку сте лојална и личност од доверба која секогаш ќе биде тука за нив. Јарците обожаваат да хиперболизираат и затоа им е потребен некој кој ќе ги приземни и ќе биде искрен со нив.
Водолија
Водолиите се познати по својот слободен и весел дух, а нивниот партнер мора да биде баш таков за да може да го издржи темпото и да им парира. Водолиите сакаат флексибилни луѓе кои секогаш се подготвени за авантура.
Риби
Луѓето кои се родени во овој хороскопски знак се доста чувствителни и сакаат внимание и дарежливи луѓе. Ги привлекуваат личности кои се полни со енергија и имаат голем круг на пријатели.