Кејт Мидлтон нема ни грам сало, а ова е причината.
Војвотката се колне во моќта на овој напиток.
Многу е важно како го започнувате денот, а нутриционистите се согласуваат со тоа. Кејт добро го знае ова и затоа никогаш не прескокнува појадок. Ако направите добар избор, нема да имате ненадејни напади на глад или потреба од шеќер во текот на денот..
Ако некогаш сте се запрашале како успева да изгледа толку витко, го имаме одговорот. Војвотката започнува секој ден на посебен начин. Колку и да брза, тaa секогаш успева да го испие овој пијалок.
Кејт сака да појадува со сопругот и децата, тоа е ритуал во кој уживаат сите. Денот го започнува со смути, поточно со комбинација на кељ, алги од спирулина, лисја од зелен чај, спанаќ, коријандер, зелена салата и боровинки. Чаша полна со витамини и добра енергија.
Тaa исто така јаде дел од овесна каша, за која нутриционистите тврдат дека е најдобра опција за здрав појадок затоа што содржи високо ниво на растителни влакна, протеини, минерали, калциум, витамин Б. Ова е одлично за дигестивниот систем и го држи холестеролот под контрола и има безброј други добри страни.