Клеопатра ја обожавала во своите купки, а ние денеска ја ставаме на кожа и ја користиме како лек! Ова е билката на бесмртноста!
Алое верата е одлична билка чие својства се корисни по нашето здравје. Дознајте зошто таа со векови се нарекува чудесна билка, рајски благослов, еликсир на животот и билка на бесмртноста.
Египјаните и Асировавилонците најпрвин користеле латекст (жоткаст екстрат во внатрешноста на билката), а подоцна гел од листот на Алое вера. Египјаните ја сметале за билка на бесмртноста па им ја подарувале на фараоните а кралиците Нефертити и Клеопатра ја додавале во своите купки.
Алоето претставув одличен лек за вашата кожа. Се препорачува кај изгореници и рани. Се користи за лечење и на ревматскиот артритис, чир на желудник и на дванаестопалечно црево. Делува силно и антивоспалително.
Оваа билка содржи полисахариди и липиди. Свежиот сок од алоето содржи антраквиони кои делуваат и благо лаксативно.
Нејзиниот лист произведува 12 антракинони, вклучувајќи алоин, барбалоин, изобарбалоин, антранол, антрацин, алојна киселина, емодин, алој-емодин, кризофан киселина, естер циметова киселина, етерично масло како резистанол. Овие соединенија ја регулираат работата на цревниот систем.
Во мали количини антракиноните имаат антимикробни и антивирусни својства. Но и во поголеми концентрации, имаат силни пургативни својства кои делуваат доксично.
Еден од билошките активни состојки на билката е и алоинот кој е горка материја која се наоѓа во кората на листот со силни лаксативни дејства. Кај преголемите дози може да дојде до зачестен пролив, грчеви и електролитски баланс.
Лек за зајакнување на организмот
За да го направите овој лек потребно ви е:
-150 грама свеж лист од алоја
-3 лажички дестилирано алкохолен пијалок
-250 грама природен мед
Подготовка: Листовите очистете ги со влажна крпа и оставете да стојат осум дена во фрижидер.
По тој период отстранете ги трновите и исецкајте ги листовите на парчиња па ставете ги во блендер. Додадете три лажички од алкохолниот пијалок кој служи за подобра апсорпција на капиларното ниво за време на конзумирање и кој игра улога на добар конзерванс. Сето тоа изблендирајте па додадете мед и измешајте добро со лажичка.
Доколку не конзумирате алкохол, употребете природен јаболков оцет во исто количество. Се чува во шише со темно стакло во фрижидер и се пие по пола лажичка пред јадење , три пати на ден.
Гел за обновување на кожата
Гелот од алое вера е познат по своите лековити својства. Најпознат е по тоа што ги обновува оштетените делови на кожата, од благи иритирања до поголеми лузни или проширени капилари. Обично делува на опуштена кожа, враќајќи им на ќелиите вибрирачки ефект кој делува на подмладување.
Можете да го искористите како природен серум кој ќе го нанесувате преку ноќ или неколку часа пред да излезете надвор. Додадете го во крема за сочнање за да ја потхраните кожата со здрави состојци кои ќе ја направат мазна и сјајна. Ставете го лосионот или кремата за лице па на тој начин длабински ќе ги исчистите порите и ќе ги отстраните мртвите ќелии на кожата.
Регенеративна маска за лице
За да ја направите сами оваа маска за лице потребно ви е:
-3 лажички гел од лист од алое вера
-1 лажичка багремов мед
Подготвување: испасирајте го гелот и измештајте со мед. Нанесето го тоа на вашето лице. Нека одстои дваесет минути па потоа измијте се со чиста вода. Маската може да се остави во фрижидер и да се користи неколку дена. Кожата ќе ви биде затегната и помека.