Кофеин или светлина? Што ќе нè разбуди повеќе навечер?
Можете ли да заспиете лесно?
Знаеме дека не е добра идејата да се напиеме кафе навечер. Сепак, една нова студија од Универзитетот во Колорадо фрла поинаква светлина за тоа како кофеинот ги расипува циклусите на спиење.
Научниците открија дека кофеинот нè држи будни бидејќи влијае на нашиот внатрешен часовник. Нашиот деноноќен ритам му помага на телото да знае кога треба да мирува, а кога да е активно. Истражувачкиот тим имаше пет испитаници кои учествуваа во 49-дневна студија. Беа тестирани во четири посебни услови. Се споредуваше ефектот на кофеинот и на светлината врз спиењето. Се покажа дека силната светлина го нарушува деноноќниот ритам.
Тие беа тестирани со:
— слаба осветленост и плацебо пилула;
— силна светлина и плацебо пилула;
— апчиња со слаба осветленост и кофеин и
— силна светлина и пилула кофеин.
Истражувачите повремено ги тестирале и нивоата на мелатонин, „хормонот за спиење“ бидејќи овој хормон помага и во регулирањето на внатрешниот часовник. Само силната светлина го одложувала внатрешниот часовник за 85 минути, а комбинацијата на силна светлина и апчиња со кофеин го одложила времето за спиење за 105 минути.