Да, насловот кажува сè, за оние што веруваат во нумерологија, хороскоп но и древните предци и корените нивни кои ги влечеме низ гените.
Денот кога великанот се родил го нарекуваат уште и денот на музичкото чудо од дете, а Австрија но и поголемиот дел од Европа и светот го слават овој ден и го величаат делото на виртузот, на не надминатиот досега Волфганг Амадеус Моцарт.
Она што малкумина го знаат е дека 19 години подоцна во 1775 година е роден Шпанскиот композитор и тенор Мануел Дел Пополо Родригез Гарсија кој пак за шпанската музика и влијанието кое го има е од огромно значење затоа што го освојува Париз и ја плени и француската публика и полека но сигурно го трасира патот на француската опера.
Замислете на оваа прилично долга листа се наоѓа и еден германси император Вилхелм II кој е роден во 1859 година и неприкосновено војувал во првата светска војна која донела многу промени и на музички план во тогашна Германија, со што за првпат се започнува со пишување и изведување на маестрални музички дела за имератори кои се изведуваат и слушаат исклучиво од високите слоеви на германското општество.
На оваа листа од успешни музички дејци го вбројуваме и доајенот на филмската бродвеј музика Џероми Керн кој како реден Њу Јоркчанец се вбројува во така наречената “Изгубена генерација” (периодот по првата светска војна) која остава длабока трага во музичката, филмска но и културошка историја на Соединетите Американски Држави.
Да не не сватите погрешно на денешниов ден не се родени само музичари, родени се бројни физичари, хемичари, атлетичари па и ју тјуб ѕвезди како што е Настја (помладата генерација како и нивните родители сигурно ја знаат).
Е сега се прашувате кој е роден во Македонија на денешен ден, и зошто баш избираме само велканите да ги извадиме од таа листа?
Веќе знаете, сликата се кажува, на денешен ден е роден и нашиот Александар Митевски, човекот кој за неговите 44 години успеа да докаже дека музиката се сака, дека музиката се негува и дека треба постојано да се твори за да се има и квалитет и успех.
Исправете ме ако грешам, но Митевски заедно со Драган Спасов Дац, се единствените кои во периодот на пандемијата успеваа да творат не само тука во Македонија, туку и со колегите од балканот, како и со нашите музички алтани кои живееат и работат во Италија, Австралија … а овој факт говори многу, многу повеќе од бројните награди добиени во минатото. Говори за поривот за живот, за желбата да се оддржи нацијата во добра ментална кондиција, за желбата да се избориме со пандемијата и тоа со музика и песна.
Среќен роденден Александар и нека оваа година биде твоја најпродуктивна, година во која ќе се издаде албум, година во која ќе се испее песна за уште некој град во Македонија, ќе се направат уште соработки и пред се ќе се пее и раскажува за љубов!