На луѓето им е потребна самопомош и сите сакаат да работат на себе, да се развиваат, да се разбудат, да го откријат таинственоста, да постои нешто повисоко од нас и што не прави да веруваме дека животот има смисол. Ние најчесто таквите знаци не можеме да сфатиме и да ги искористиме на правилен начин.
Самопомошта се пропагира како лесна и секому достапна. За разлика од стручната помош која во сечија глава предизвикува разни пресметки – морам ли секому да плаќам, мора ли секој да ме слуша што зборувам , дали сум навистина во таков хаос, ако тргнам на терапија кога тоа ќе се заврши и сл.
Затоа е лесно да се биде сам свој мајстор. Меѓутоа за практикување на самопомошта, за стекнување на рутина, потребно е многу самосвест отколку што обично ја имаме или пак воопшто помислуваме дека ни е потребно, а сето тоа е релативно. Кога ќе ги согледаме нашите его постапки и ако совеста не ни е на високо ниво да препознае или разликува структура на личноста кај живите битија, да ги прегледа шаблоните и да занурка до дното на причините, да ги пронајде моментите и животните периоди кога механизмите се инсталирани или усвоени и со што треба да ги замениме бидејќи се надминати.
За да се биде сам свој мајстор за самопомош е исто како да се обидете да превземете водоинсталатерски, столарски или електрични работи во куќата со помош на упатства за употреба на алатот и неколку видеа на youtube.
Потребно е да имате извесно искуство за да контролирате одреден животни постапки, силна интуиција, силна волја и подготвеност да се соочите со своите околности како и да ги отфрлите или надминете вашите уверувања.
Морате да бидете подготвени да се соочите со вашите стравувања, да се запознаете со нив во темнина и да продолжите и понатаму да чекорите. Морате да бидете храбри. Морате постојано да ја надминувате секоја ситуација и да се опуштате. Морате реално да го вреднувате учинокот на својот труд на себе.
Бидејќи работите некогаш можат лесно да излезат од колосек и да станат дел од реалниот живот треба постојано да се воведувате во било какви дисциплини и експерименти се додека квалитетот на вашиот живот не се смени на подобро. Кога навистина се освестувате тогаш тоа и го материјализирате.
Се чуствувате подобро, имате свој мир, се чуствувате релаксирано, ослободено, чуствувате присуство на јасност и леснотија. Тие чуства се манифестираат во реалниот живот низ милион практични ствари – добивате работа, се укажуваат прилики и можности да заработите, добивате поголема слобода креативно да се изразите, вашите односи со другите стануваат продлабочени, радосни и вашите блиски исто така напредуваат. Кога вие ќе ја подигнете вашата енергија резултатите ќе бидат видливи и во вашиот живот и во животите на оние кои ви се блиски.
Во тој контекст самопомошта може да стане замка во која волево ќе се внесете, бегајќи од имагинарниот свет во кој се наоѓа нешто повеќе, кој е емотивно и психоолошки интезивен и преставува утешување и замена за реалниот живот во кој се е тешко, напорно и полно со препреки.
Да појасниме, и стручната помош може да биде стапица или бегство доколку така ја доживувате и се врзете за неа како врвен авторитет кој треба да биде достигнат.
Целата филозофија на самопомошта е така замислена за да чуствувате како да постои некоја тајна која можете да ја пронајдете само ако поминете низ одреден процес (изборот е огромен и цената е прифатлива), а не како да ви се помогне да излезете од сржта на проблемите и да ги искорените.
Понекогаш ви се причинува дека колку повеќе напредувате во една област толку повеќе попуштате во некоја друга како да таа рамнотежа мора да постои и како да неможете да имате рамномерен напредок и развој. Се чувстувате како често и секогаш морате да се поправате себе си бидејќи уште не сте доволно добри.
И кога верувате во тоа тука и буквално сте купени и станувате построшувач и ги менувате начините и методите на постоечката филозофија мислејќи дека сеуште не сте ја пронашле онаа вистинската. Станувате зависник и потрошувач. Самопомошта станува контра продуктивна, станува штетна за вашиот раст и развој, за вкупниот квалитет на вашиот жвот и за вашето самопочитување и самосвест.