Кои хороскопски знаци бегаат од брак – за нив слободата е СЕ.
Многумина гледаат на бракот поинаку, некои мислат дека овој вид на заедница е застарен, други сонуваат за денот кога животот ќе започне рамо до рамо со личноста што ја избрале да биде со нив до крајот на животот. Астролошките карактеристики одредуваат и дали сме склони да застанеме на луд камен и судејќи според она што го велат ѕвездите, мажите кои се родени во овие три хороскопи тешко дека ќе бидат убедени да застанат пред олтарот.
Водолија
Тие ја сакаат слободата повеќе од што било и не затоа што нема да се откажат од неа. Ова не значи дека тие не се способни за љубов, напротив. Во љубовта се посветени, лојални и верни. Тие се стремат кон стабилност во љубовта, склони се на долги врски и тешко е да одлучат да раскинат. Сепак, тие не се приврзаници на бракот. Дури и да стапат во брак, тие тоа го прават многу млади и во тој случај ретко решаваат да се разведат. Ако сакате да освоите човек Водолија, не смеете да бидете напорни или упорни. Бидете заводливи и енергични.
Близнаци
Тие се вечни деца, секогаш бараат нова возбуда. Тие се склони кон флерт и имаат многу високи стандарди во љубовта. Тие не се лесни за скротување и тешко можат да го замислат животот покрај жена. Меѓутоа, кога навистина ќе се заубат, а може да ги привлече само силна и интелигентна жена, тогаш тие се верни и лојални. Тие се украсени со неодолив шарм и имаат многу врски во животот, но тие обично никогаш не кажуваат судбоносно „да“. За да ги освоите мора да бидете независни и мистериозни.
Стрелец
Непоправливи оптимисти и вечни момчиња кои го гледаат светот како место за забава, авантура и предизвик. Тие сакаат патувања и слобода и ретко се подготвени за компромиси што ги носи заедничкото живеење. Тие се нежни и грижливи партнери, знаат да бидат романтични, но бракот едноставно не е за нив. Ако сакате да придобиете човек Стрелец, мора да бидете тактични, бидејќи само така ќе можете да го задржите нивното внимание.