Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење

Слични

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ)

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ). Правете торти...

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната вечера

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната...

Лиснато тесто со јаболка и цимет

Лиснато тесто со јаболка и цимет. Можете ли да ги...

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото. Иако малкумина од...

Колач со сладок компир и глазура од крем сирење

Колач со сладок компир и глазура од крем сирење. Иако...

Сподели

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење.

Kolac-so-gjumbir-i-glazura-od-krem-sirenje

Речиси и да нема дете кое не се радува на празниците, пред се поради изобилството на колачи и други задоволства на трпезата.

Ѓумбирот и колачите со ѓумбир се нешто што традиционално се прават во светот и кај нас по повод божиќните и новогодишните празници. Но, доколку барате малку пософистицирана варијанта, која не е толку крцкава, туку сочна и се топи во устата, вие сте на вистинското место, бидејќи денес ви претставуваме неодоливо вкусен колач со ѓумбир со глазура од сирење.

Потребни состојки:

За подготовка на колачот:

  • 1 и пол шолја брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка ѓумбир
  • ¾ лажички морско оревче
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка прашок за пециво
  • ¼ лажички мелено каранфилче
  • 1 чаша путер
  • ½ чаши шеќер
  • ½ чаши кафеав шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 4 јајца

За глазура од сирење:

  • 250 гр крем сирење
  • ½ чаши путер
  • ¼ шолји кисела павлака
  • 1 шолја шеќер во прав
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • сол
  • ѓумбир

Подготовка:

За подготовка на колачот потребно е да се загрее рерната на 250 степени. Во плехот за печење ставете хартија за печење. Во сад со средна големина измешајте брашно, сол, цимет, ѓумбир, морско оревче, сода бикарбона, прашок за пециво и каранфилче и оставете ги на страна. Во друг сад изматете го путерот и двата шеќера. Додадете едно по едно јајце, добро промешајте помеѓу секое и на крајот измешајте го екстрактот од ванила. На влажните додадете ги сувите состојки и сè соединете. Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете околу 50 минути. Се лади најмалку 10 минути, па се вади од калапот.

За подготовка на глазурата потребно е крем сирењето да се измати со путер, а потоа во смесата да се додаде павлаката. На најмала брзина на миксерот промешајте го шеќерот во прав и на крај додадете го екстрактот од ванила и солта. Кога колачот целосно ќе се излади, премачкајте го со глазура и декорирајте со захаросан ѓумбир по желба.

Уживајте!

error: Content is protected !!