Колач со лимон кој можете да го направите брзо. Одличен е во комбинација со чај и кафе. Сите состојки ги имате дома.
Направете атмосфера со торта со прекрасен мирис и вкус.
Од кујната на баба доаѓа сладок предлог за торта која многу ќе ви се допадне и ќе посакате да ја правите почесто.
Рецепт за торта со лимон
Потребни состојки:
2 големи или 3 мали јајца,
200 мл јогурт,
1/2 чаша масло,
1/2 чаша шеќер,
2 чаши брашно,
1 прашок за пециво и
кора од лимон.
Подготовка
Јајцата се матат со шеќерот. Се додава просеано брашно заедно со прашокот за пециво, а потоа и другите состојки (маслото, јогуртот, кората од лимон). Сето тоа полека убаво се измазнува.
Истурете ја смесата во послужавник со големина од 22 цм, обложен со хартија за печење.
Се пече на 200 степени околу 35 минути, додека не зарумени. Се става во чинија да се излади. Изладениот колач се сече по желба.