Колач со сливи: Лесно се подготвува а неговата сочност ќе ве воодушеви! (РЕЦЕПТ/ВИДЕО).
Нека мириса целата кујна.
Од кујната на баба ми излегува сочен колач со сливи, идеален за викенд и уживање со семејството.
Потребни состојки за колачот:
- 3 јајца
- 120 гр брашно
- 120 гр гриз
- 1 прашок за пециво
- 1 чаша масло
- 100 гр шеќер
- 50 мл јогурт
- кора од лимон
- малку цимет
- 3 лажици жолт шеќер
- 1/2 кг сливи
- 1 ванилин шеќер
- шеќер во прав по желба
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, се додава брашно и гриз просејуван со прашок за пециво, масло, кора од лимон , јогурт и се изедначете.
Обложете округла тава за печење со хартија за печење и ставете малку жолт шеќер на дното, наредете ги сливите и прелијте го тестото. Печете на 200 степени Целзиусови околу 50 минути.
Посипете со шеќер во прав по желба.