Колку е „чисто“ мајчино млеко?

spot_img

Слични

Оваа е вистинска бомба за вашата крвна слика

Оваа е вистинска бомба за вашата крвна слика. Пробајте, ќе...

Родителски грешки што го уништуваат животот на детето!

Родителски грешки што го уништуваат животот на детето! Родителската нарцисоидност...

ВИТАМИН Д најчесто се наоѓа во овие видови риби

ВИТАМИН Д најчесто се наоѓа во овие видови риби. Витаминот...

Сподели

Мајчино млеко отсекогаш била и ќе биде најдобра опција за хранење на бебе во текот на првите месеци од животот, но научниците велат дека не е толку добро како што мислиме и може да содржи некои прилично нездрави хемикалии.

Една студија која опфати 81 дете родени на Фарски Острови, во која учествуваа научници од Харвард и Данска, даде нешто необични резултати, особено што знаеме дека повеќето луѓе ширум светот сметаат дека мајчиното млеко е најздрава храна за бебињата. Имено, научниците откриле загрижувачка количина на перфлуорирани алкилати кај деца кои дојат. Тоа е супстанца за која се зборуваше малку повеќе во последните неколку години поради можните ризици што може да ги донесе по здравјето. Може да се најде во сè, од морска храна до картонски кутии, облека и козметика.

Ова е прво истражување на оваа тема, а научниците открија дека нивото на оваа супстанца се зголемува за 20-30 проценти секој месец кај исклучиво доени бебиња. Во некои случаи, децата кои биле доени подолго време имаат поголема количина на оваа супстанца отколку самите мајки. Од друга страна, децата кои повремено се дојат имаат малку помала количина на оваа супстанца во крвта, а нивото драстично опаѓа со завршувањето на доењето.

Што всушност значи ова?

Научниците не знаат како да објаснат, но некои од првите откритија велат дека оваа супстанца може да го намали дејството на вакцините, а другата дури може да го зголеми ризикот од рак и други сериозни болести. Пред да трчате во продавница да купите вештачко млеко, треба да знаете дека научниците кои работеле на истражувањето сепак веруваат дека мајчино млеко е најздравата храна за бебињата. Не само што го зајакнува имунитетот и врската помеѓу мајката и детето, туку исто така го намалува ризикот од астма, детска леукемија, ненадејна смрт кај новороденчињата, дијабетес тип 2

Ова треба да биде предупредување за сите нас, бидејќи оваа супстанца се наоѓа во скоро сè со што контактираме во текот на денот, и на тој начин станува збор за мајчиното млеко. Крајно време е да почнеме да посветуваме поголемо внимание на околината во која живееме.

error: Content is protected !!