Колку шолји КАФЕ можеме да испиеме во еден ден?

Слични

Парче печена или варена тиква помага да се спречат главоболки

Парче печена или варена тиква помага да се спречат...

Колку шолји чај дневно е доволно?

Колку шолји чај дневно е доволно? Чајот има бројни придобивки...

Трикови кои треба да ги знаете доколку подготвувате храна без глутен!

Трикови кои треба да ги знаете доколку подготвувате храна...

Сподели

Колку шолји КАФЕ можеме да испиеме во еден ден?

За многумина кафето е омилен пијалок што го пијат во текот на денот. Сепак, треба да имате мерка кога е кафето во прашање.

Нема ништо поубаво од тоа кога ќе го испиеме првото кафе наутро, кое освен што не буди, делува и како диуретик.

Сепак, она што многумина не го знаат е колку шолји кафе се препорачуваат на дневна основа.

За возрасен, тоа е 300 mg кафе, што е приближно 3 шолји кафе на ден.

Доколку испиете повеќе од споменатата количина, може да имате сериозни здравствени проблеми, како несоница, анксиозност, забрзано чукање на срцето, но и зголемување на крвниот притисок.

Меѓутоа, доколку го консумирате омилениот пијалок до 300 mg дневно, тогаш и кафето може позитивно да делува, кога е здравјето во прашање.

Интересно истражување за кафето

Студиите спроведени во европските земји покажуваат дека луѓето кои консумираат кафе имаат помал ризик од болести на дигестивниот систем, болести на црниот дроб и бубрезите.

Истражувањата исто така покажуваат дека кафето има невропротективни и антиинфламаторни својства кои можат да помогнат да се намали ризикот од Паркинсонова болест.

Секако, кафето нема магично да ги спречи сите здравствени проблеми, но секако може да помогне.

error: Content is protected !!