ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Корисни совети за тоа како да ја искористите розе бојата во уредување на ентериерот!

Розе бојата може да совршен начин да го потполни вашиот простор, бидејќи не е многу нагласена боја но не е ни монотона и неутрална како што е беж бојата и камел бојата. Ако сте расположени да внесете промени оваа пролет во вашиот дом а немате одвоен огромен буџет ви преставуваме неколку едноставни и ефтини начини за да го подобрите изгледот на вашиот простор со розе боја.

Розе боја на влезот од вашиот стан

Влезната врата можете да ја бојадисате во нежно розе боја и од самиот старт да ги подготвите гостите за она што ги очекува внатре кога ќе влезат во вашиот дом. Не е правило дека влезната врата секогаш мора да бидат во боја на дрвото, сива или пак црна боја.

Розе мебел, прекривачи за кревет или пак розе тапети

Ова не е за оние кои се плашат да превземат некаков чекор во подобрување на ентериерот. Се шегуваме, секако дека ова е за оние кои се слободни и отворени кон внесувањето на повеќе бои и дезени во својот животен простор. Доколку повеќе ја сакате едноставноста, ви препорачуваме само еден дел од мебелот да го бојадисате во розе. Покрај тоа можете на некој од ѕидовите да ставите тапети во розе боја за да се вклопат со мебелот.

Розе сегменти на ѕидот како детал

Кога сме веќе кај розе бојата со која можете да ги бојадисате деловите од мебелот така и влезната врата зошто да не најдеме уште некоја намена? Можете да се одлучите едниот ѕид како дел од ентериерот да го бојадисате во розе боја или пак ако целиот ѕид ви е премногу бојадисајте само еден дел од него во форма на бордура.

Розе дневна соба – кревет и перници

Сите оние кои се љубители на стилот cozy, дневната соба можат прекрасно да ја уредат во розе боја. Таа е смирувачка и се вклопува и со темните бои, а добро изгледаат и со дрвениот мебел во сите тонови. Креветот и фотељата можете да ја претапацирате со светол материјал, пастелно розе боја, а потоа креветот да го прекриете со чаршав во темно розе боја или пак да го украсите со перници во друга нијанса на розе боја или во розе дезен.

Розе детал во кујната

Не заборавајте, розе бојата не е резервирана само за покривачите на креветот и за облошките за перница. Розе бојата можете да ја внесете и во тоалетот и во кујната а ние ви препорачуваме некои од апаратите во кујната да ви бидат во розе боја наместо во класична сива или црна. Верувајте ни, розе деталот ќе ја подобри вашата кујна и ќе ја направи пријатен простор во кој ќе уживате да го поминувате вашето време.

Розе врата во санот

Веќе споменавме дека влезната врата во станот можете да ја бојадисате во розе боја но нека тоа биде од внатрешноста на станот. Тоа не мора да биде класична розе боја, може да биде и доста понежна но доволно е со малку нијанса да се растури белиот тон на зидовите и едноставноста на ентериерот.

Розе детал во детската соба

И за крај доколку сте горди родители на вашите девојчиња, сигурни сме дека тие веќе имаат желба нивната соба да биде уредена во розе боја. Во детската соба можете да поставите мебел во розе боја. Покрај тоа и корпите со играчки можат да ви бидат во розе боја. Во секој слушај послушајте го вашето дете и исполнете му ја желбата.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!