Лесна торта од чоколадо и ореви, без трошка брашно.
Рецепт кој успева на почетокот и освојува со својот вкус. Дури и ако не сте вешти во кујната, оваа торта ќе ја направите лесно и брзо.
Ако сте љубител на колачи и чоколадни торти, нема да можете да одолеете на рецептот што го носиме. Се подготвува брзо, не бара посебни вештини во кујна ,а вкусот е фантастичен.
Состојки:
- 150гр путер
- 200гр шеќер
- 10 јајца
- 200гр чоколадо за готвење
- 150гр мелени ореви
- 3 лажици какао
- 2 лажици масло
- трошки од леб
Подготовка:
Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките во цврст снег.
Измешајте ги жолчките со шеќер , па изматете ги. Растопете го путерот, додадете го во жолчките и шеќерот , а потоа додадете 120 грама растопено чоколадо, какао и мелени ореви . На крај, додадете ги изматените белки во смесата . Нежно мешајте, со нежни движења, додека не добиете мазна смеса.
Тавата за печење премачкајте ја со путер, посипете ја со лебни трошки, а потоа истурете ја смесата за колачи и печете на 180 степени околу 45 минути.Кога ќе се излади, прелијте го со остатокот од чоколадото што сте го стопиле со 2 лажици масло.
Пријатно!