Песната која е исклучително популарна во текот на зимските денови, особено кога паѓа снег, е „Let It Snow“. Познатата песна е напишана уште во 1945 година, а ја напишале текстописците Jule Styne и Sammy Cahn.
Песната „Let It Snow“ најпрво е снимена од Фон Монро, а подоцна и од други музички имиња, како што се Петси Клајн, Мартина МекБрајд, Гарт Брукс, Херб Алперт, Крис Ајзак, групата „The Carpenters“, Џесика Симпсон …
Можеби двете најпознати верзии се оние на Дин Мартин и Френк Синатра .
Иако песната „Let It Snow“ често се поврзува со Божиќ, самата песна не го споменува празникот. Она што е интересно е дека овој хит е напишан, верувале или не, во средината на летото.
– Песната „Let It Snow“ е напишана во најжешкиот ден во годината. Му реков на Jule Styne : „Зошто да не слеземе на плажа и да се разладиме?“ Тој рече: „Зошто да не останеме тука и да напишеме зимска песна“. – рече текстописецот Семи Кан.
Инаку, официјалното видео за верзијата на Дин Мартин се појави во 2019 година, а на Синатрa во 2020 година.
Вон Монро – „Нека падне снег“:
Дин Мартин – „Нека падне снег“:
Френк Синатра – „Нека падне снег“: