Генерално на интернет можат да се пронајдат многу текстови за тоа кои хороскопски знаци одговоараат во љубовта. Меѓутоа за секој хороскопски знак постои еден друг кој совршено му одговара.
Овен
На овенот му е потребна девица во неговиот живот. Девицата има карактер на сериозна и претпазлива личност, верна но и грижлива. Таа успешно се справува со карактерните особини на овенот и го држи да биде динамичен и спонтан.
Риби
Рибите одлично функционираат со јарецот. Јарецот е објективен, сконцентрира и доста верен. Па така овие два хороскопски знаци одлично би се сложиле.
Бик
На бикот му одговара водолијата. Водолијата е полна со енергија и темперамент. Таа може да го одушеви бикот кој е весел и знае да ужива во животот.
Водолија
На водолијата е и потребен рак во својот живот. Ракот е чувствителен, има смисла за хумор и исто така сака да мечтае. Ракот ја надобполнува водолијата бидејќи понекогаш знае да биде импулсеван и нападен.
Близнаци
На близнатие им одговара бикот. Бикот е доста трпелив во односот со другите луѓе. Тој е доста срдечен и издржлив. Карактерните особини на близнаците и на бикот одлично се сложуваат.
Рак
Ракот едноставно неможе да функционира без шкорпијата. Ракот по природа е храбар, одличен и без страв. Исто така тој е многу верна личност. Овој хороскопски знак за возврат бара внимание и сочувство.
Јарец
Животот на јарецот може да стане многу поинтересен ако во него се најде хороскопскиот знак – близнаци. Близнаците се доста љубопитни, друштвени, темпераментни но и комплексни. Тоа одлично го импонира совесниот и амбициозниот јарец.
Лав
За да лавот биде целосно исполнет потребна му е водолија. Независно е дали водолијата ќе се јави во својство на партнер во врска или пак тоа ќе бидне пријателски или семеен однос. Лавот може да има огромна користи од одлучноста и енергијата на водолијата. Тој импонира со самодоверба.
Девица
На девицата може да и одговара стрелецот. Стрелецот со својот хумор, опуштеност и далековидност секогаш е перфекционистички настроен кон девицата.
Стрелец
На стрелецот во животот му е потребен лав. Тој е грижлив, одговорен и шармантен но по природа може да се каже дека е и објетивен и совесен. Тоје авантуристички настроен а понекогаш и лесноверен.
Вага
На личностите кои се родени во знакот на вагата целосно им одговара рибата во својот живот бидејќи таа е сочувствителна и интуитивна. Тоа им е потребно на вагите кои тежнеат кон рамнотежа.
Шкорпија
Шкорпијата тешко функционира без вагата. Шкорпијата е чувствителна, дипломатски на строена и има еднаков однос кон сите луѓе. Шкорпијата е често инстиктивна, строга и полна со предизвик и доколку се спои со вага ќе биде идеален пар.