Додека се наоѓаме во нарушени партнерски однос ние таквите ситуации честопати не ги оценуваме реално. Многупати некои ситуации, кавги и емотивни уценувања на нас ни изгледаат сосема нормално. И кога ќе се одалечиме од тој однос и ќе седнеме рационално да размислиме ќе створиме во себе широка слика.
Таквата слика многу нешто ни укажува. Сликите буквално ни ги враќаат спомените, ни ги будат чуствата, ни ја смируваат носталгијата. Додека рационално размислуваме и се навраќаме на секоја ситуација од порано тогаш сфаќаме дека во тој момент кога тоа нешто се случувало не сме го анализирале толку многу и толку брзо сме ги преживеале таквите ситуации. Подолу во текстот ќе ви прикажеме дел од работите кои не ги правилно согледуваме додека сме во врска.
Очекуваме од партнерот да го поправи она што некој друг го нарушил
Емотивните хендикепи не мораат да доаѓаат само од бившите партнери туку можат и од детството или од нас самите и слично. Многу пати на вашиот партнер сте му префрлиле за тоа дека не ви посветува доволно внимание кога ви е најпотребно, што не се соживува со вас кога сте имале лош ден, што не ве разбира кога сте нервозни и што не ви дава доволно внимание „кога ви е најпотребно“.
И не само што префрлуваме туку и во себе создаваме незадоволство кое не исчезнува толку лесно и кога сме нервозни и кога бараме поддршка од нашиот партнер и тоа буквално е маѓепсан круг, игра без граница. Она што е битно да научиме е дека самите сме одговорни и за нашата среќа и за нашата тага и не можеме од другите да очекуваме да го превземат тој товар на себе. Во ред е и оправдано е да бараме емоционална подршка но не и некому да наметнеме емотивна обврска.
Го анализирате партнерот како своја втора половина
Бидете приземнети. Животот не е роман. Потребни ни биле повеќе години за да од себе направиме пристоен човек, човек кој се држи до себе и човек кој може сам да стане кога ќе падне, кој не служи како теписон по кој другите ќе газат и кој е несебичен. Човекот кој е елоквентен, паметен, начитан но и приземнет. И покрај се кога ќе се заљубиме, кажеме дека не сме цел човек туку половина ? Не. Ваквиот став може да доведе до тоа потполно да зависиме од нашиот партнер. И кога ќе излеземе од тој однос дали би биле потполни? Секако дека не. Заклучокот е дека нашиот партнер не е наша втора половина.
Не мислете дека карањето е карактеристика на страста
Повторно да кажеме, животот не е филм. Не смееме да се водиме по тоа „колку тонот е повисок толку и љубовта е посилна“ нити пак да мислиме дека добриот секс е смирување и го оправдува карањето. Страста која доаѓа од конфликтот е длабоко вкоренета во проблемите како што се незрелоста, проблемите во комуникацијата па понекогаш и во садизмот. Немојте карањето кое го предизвикуваат реалните проблеми да го шминкате и да го нарекувате темперамент. Ако во вашата врска чуствувате бес, фрустрираност, немир, напнатост едноставно тоа не е вредно. Ако премногу сме различни, понекогаш љубовта не е доволна.
Верувате дека постојат строди души
Верувањето дека сте сродни души не значи дека ви донесува смирување во врската. Тоа не значи дека нема да најдеме некој кој ни дава апсолутно се што бараме или кој ќе не сака повеќе и подобро отколку што сме биле сакани или од колку што сме можеле да очелуваме. Тоа значи дека не треба никого да го споредуваме со митот „сродна душа“. Ниедна душа не е иста па со тоа немате и роднина. Душите не се пронаоѓаат туку се раѓаат.