Мајките,односно бремените жени кои имаат Ковид 19, пренесуваат антитела против оваа инфекција на своите деца, откриле истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија.
Заштитата на новороденчињата од инфекција првенствено зависи од антителата кои се пренесуваат од мајка на бебе преку плацентата. Ова исто така важи и за заштита од САРС-CoV-2.
Истражувачите откриле дека што порано идната мајка се зарази со корона вирус, во првите месеци од бременоста, толку е поголема концентрацијата на антитела во крвта на папочната врвца.
Истражувачите следеле 1.714 мајки кои родиле помеѓу април и август 2020 година. 83 од нив биле позитивни на Корона вирусот, а кај 72 бебиња, научниците откриле антитела во крвта на папочната врвца, без оглед дали мајката имала симптоми на инфекција или не. Кај околу половина од децата, нивото на антитела било исто или поголемо отколку кај мајките, а во една четвртина од случаите, тоа било од 1,5 до двапати повисоко.
Антителата кои ја преминале плацентарната бариера се имуноглобулин Г, кој се произведува неколку дена по инфекцијата и најверојатно обезбедува долготрајна заштита од коронавирусот. Ниту едно бебе немало М имуноглобулини, кои се појавуваат веднаш по инфекцијата.