ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Марина — наставничката по класична култура и цивилизација, го менува светот преку фотографија

Марина Атанасовиќ живее и работи како наставник по класична култура во европската цивилизација во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ во Куманово. Уште како мало девојче е внесена во светот на уметноста. Во 2003 г. учествува на еден семинар “SeeU in motion” и се запознава со професионални фотографи од Белгија и од Франција. Тогаш ѝ се раѓа идејата и самата да заплови во тие води. Но, на таков потег се одлучува дури цела декада подоцна. Во 2013 г. се запишува на курс по фотографија во Фото-кино клуб Козјак во Куманово. Во 2014 г., заедно со 20-ина љубители на уметничката фотографија, станува дел од основањето на нов фотографски клуб, Фото-клуб Куманово. Оттогаш, сè повеќе и повеќе е инволвирана во тој магичен свет на фотографијата.

Таа е активен член во клубот, еден од организаторите на Малински фотофестивал и на Жените и фотографијата. Се јавува и како член на жири во Турција, Египет, Македонија, Србија, Албанија и во други земји. Ментор е на фото-секции за фотографија, во училиштата во кои е вработена и активно работи на промоција и едукација на фото-културата кај младите.

Учествува во 100-ина интернационални и домашни салони и има добиено многу награди и признанија. Првата самостојна изложба, насловена како „делфинографија“, ја остварува во клупските простории на Малинскиот фестивал, во 2016 г. Во 2017 г., во Куманово, Марина е прогласена за фотограф на годината. Во 2018 г. е избрана е за претседател на Фото-клуб Куманово. Оттогаш ревносно работи на подигнување на клубот и на членовите. Соработува со многу невладини здруженија во кои заедно со другите членови од клубот организира работилници, уметнички катчиња, изложби, сè со цел да се активираат младите.

Па ајде да видиме како таа гледа на светото околу себе и што има да ни порача!

FLIP: Дали е голема одговорноста да се биде претседател на Фото-клуб Куманово?

МА: Да, многу. Имаш задача да ја ставаш администрацијата „под конец“, а и организацијата внатре во клубот е на одговорноста на самиот претседател. Може да се каже дека функцијата претседател е движечка сила на клубот. Сè што се случува оди преку претседателот: изложбите, предавањата, сафарито, средбите, дружбите …

FLIP: Од каде доаѓа љубовта за фотографија?

МА: Отсекогаш ми се допаѓала уметноста како форма на изразување, а љубовта кон уметноста ми се појави уште од раните детски години. Мајка ми е историчар на уметност и секогаш се грижела да нè однесе мене и брат ми на некоја изложба, на некоја претстава, на некој перформанс и сл. Исто така, ми се допаѓало кога на фамилијарните средби ќе се појави некој чичко или вујко што носи апарат за да ја овековечи дружбата. Се сеќавам дека секогаш сум трчала да земам и јас да ѕирнам низ визирот и да штракнам. Веројатно спојот од двете заедно довел до оваа голема љубов.

FLIP: Како би му ја опишале Вашата професија на едно љубопитно дете?

МА: Мене фотографијата ми е хоби, но кога би се нашол момент да се објасни што е тоа фотограф, сигурно би нанижала некоја интересна приказна како, на пример, таа дека фотографите се јунаци на нашето време и како тие, преку објективите, ги откриваат вистините. Нивното тајно оружје е апаратот преку кој можат да забележат работи и случки што другите луѓе не можат да ги видат.

FLIP: На која тема би можеле да одржите 20-минутна презентација без никаква подготовка?

МА: Фотографијата како средство за истакнување на социјални прашања.

FLIP: Што е пресудно за добра фотографија, од Ваша перспектива?

МА: Бујна фантазија и добро око.

FLIP: На која личност од светот најмногу ѝ се восхитувате?

МА: На моите родители.

FLIP: За каква чудна работа сте носталгични?

МА: Месење со баба ми.

FLIP:
На која фото-изложба сте најгорди како Фото-клуб Куманово?

МА: На жените и фотографијата, првата клупска изложба.

FLIP: За што ќе бидат носталгични луѓето за 50 години?

МА: За филмовите од 90-тите, за играњето пред зграда, за начинот на освојување…

FLIP: Дали фото-опремата е пресудна за добра фотографија?

МА: Не. Денес можеме да имаме мобилни телефони со врвни перформанси за фотографирање, па не мора да се купуваат апарати кои чинат азно. А и идеите за фотографирање се во главата, не во апаратот.

FLIP: Од каде доаѓа идејата за Малински фото-фестивал во Куманово?

МА: При неговото формирање се размислуваше што да направи клубот за да се истакне и одвои од другите домашни клубови. Размислувавме да има нешто според кое ќе може да се истакне фотографијата на едно повисоко ниво, нашите фотографи да имаат можност да се дружат со странски познати фаци од фотографијата, да се направи нешто што ќе ги мапира градот и државата во високите фотографски кругови. Така се дојде до идеја да се направи фестивал на фотографија во рамките на кој ќе бидат организирани различни активности и кој ќе трае неколку дена.

FLIP: Дали повеќе Ве исполнува моментот кога фотографирате или кога уредувате една фотографија?

МА: Кога фотографирам според свој концепт и потоа истите фотографии ги уредувам. 

FLIP: Која е најинтересната личност која сте ја сретнале и со која сте разговарале?

МА: Уф… Секој ден се среќавам со учениците од основното училиште во коешто предавам и тие умни глави ми се мошне интересни… Но, ако правиме муабет за лица од фотографската фела, тогаш би рекла дека тоа е покојниот Душан Јовановски, Александар Буѓевац од ФК Крагујевац, Малгожата Калч од Полска и други.

FLIP: Колку време постои Фото-клуб Куманово?

МА: Од март 2014 г. Значи, седум години.

FLIP: Дали имате омилена фотографија и која е таа?

МА: Од моите фотографии омилена ми е „Rakija maker, а од светските познати фотографии — „Beekeeper“ од Ричард Авадон.

FLIP: Кои проекти ги подготвува Фото-клуб Куманово?

МА: Почнувајќи од новата година па наваму, тука ни се: Жените и фотографијата, нашата традиционална осмомартовска изложба, Малински фото-фестивал и  интернационалните салони (Фото-приказна, Игра, Коритон, Тумба). Планираме и кратки фото–школи, организирани клупски сафарија и неколку предавања од светски познати фотографи.

FLIP: Како да свртиме кон подобро?

МА: Сè уште сме под влијание на пандемијата која го зафати целиот свет, но полека,  полека, излегуваме од комфор зоните и почнуваме да се активираме. Секако, претпазливо и со сите протоколи. 😊

Чинам дека нашите фотографи имаат голем потенцијал, но истиот не е целосно искористен или истакнат, па јас би работела на тоа поле. Тука би влијаела работите да станат подобри. Би работела на тоа да може клубот да ги мотивира фотографите да излезат и да фотографираат повеќе по свој концепт, по своја замисла. Би настојувала да се направат проекти и да се вклучат нашите фотографи во нив и секој поединечно да може да се истакне и да брилира во своите идеи. Колку повеќе нашите фотографи творат, толку повеќе расте реномето на клубот. Колку повеќе достигнувања на светска сцена тие ќе постигнат, толку повисоко ќе ги издигнеме и клубот и градот и државата.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!