Денес разговараме со едно младо мултиталентирано момче кое неретко ја бранува младината со неговата храброст да пишува, но и да делува, со цел да ги охрабри врсниците да не се откажуваат од својот живот и да бидат посреќни. Tокму поради тоа избира да студира психологија, за да се осознае самиот себе, но и за да им помогне на другите.
FLIP: Кој би бил насловот на твојата автобиографија?
МБ: Насловот на мојата автобиографија би бил Никогаш не откажувај се од својот живот.
FLIP: Опиши ни го твојот живот преку наслов од филм или од песна. Зошто се одлучи токму за тој наслов?
МБ: Bash je dobro biti ja. Се одлучив за тој наслов затоа што премногу се сакам самиот себе.
FLIP: Кој дел од светот прави да се чувствуваш посебен и зошто?
МБ: Места каде што луѓето се позитивни и насмеани затоа што сметам дека секој би се чуствувал добро во ваква средина.
FLIP: Замисли дека имаш сопствен брод. Како би го именувал? Зошто го избра токму тоа име?
МБ: Бродот би го именувал Биди среќен. Без разлика што ни носи животот, секој човек треба да се труди да биде среќен.
FLIP: Замисли дека имаш добротворна организација. За што би служела таа?
МБ: Таа организација би служела за деца со посебни потреби.
FLIP: На која тема би можел да одржиш 20-минутна презентација без никаква подготовка?
МБ: Булингот во училиштата. Има многу деца кои се жртва на булинг и добро знам какво е чуството да бидеш дел од тоа.
FLIP: Како ги потроши парите од твојата прва плата (проект)?
МБ: На гардероба.
FLIP: Која е најдобрата локација за целосно уживање со шолја кафе?
МБ: Мојата тераса.
FLIP: За каква чудна работа си носталгичен?
МБ: За краткото безгрижно детство.
FLIP: На која личност од светот најмногу ѝ се восхитуваш?
МБ: На мојата мајка.
FLIP: Која личност би сакал да те претставува во филмот од твојот живот?
МБ: Zac Efron.
FLIP: Што мириса подобро, свежо исечена трева или печен леб во рерна?
МБ: Печен леб затоа што ме асоцира на семејна хармонија.
FLIP: Од што ти е најтешко да се откажеш?
МБ: Најтешко ми е да се откажам од самиот себе.
FLIP: Која е твојата лозинка за Wi-Fi?
МБ: Значаен спомен.
FLIP: За што ќе бидат носталгични луѓето за 50 години?
МБ: Веројатно луѓето би биле носталгични за поминатото време на некои небитни работи.
FLIP: Замисли дека си десерт. Што би бил?
МБ: Хмм… Нека биде Frrozen Haute Chocolate.
FLIP: Како те доживуваат твоите пријатели со оглед на големиот број обожаватели на Instagram?
МБ: Секој на свој начин. Некој позитивно, некој негативно. Секој си има свое мислење.
FLIP: Дали мислиш дека твојот онлајн живот те промени тебе? Дали си свесен дека имаш влијание врз генерациите што доаѓаат?
МБ: Не ме промени животот онлајн воопшто. Секогаш се трудам да се покажам во најдобро светло.
FLIP: Од каде црпиш инспирација за твојот блог?
МБ: Секогаш се трудам да бидам посебен, на свој начин. Не сакам да ги копирам другите.
FLIP: Зошто се одлучи да студираш токму психологија? Дали тоа е професија на иднината?
МБ: Одлучив да студирам психологија затоа што сакам да им помогнам на луѓето на кои им е потребна помош. Сметам дека таа ќе биде една од најбараните професии во иднина.
FLIP: На што мислиш кога си сам во твојот автомобил?
МБ: Безбедно да стигнам до локацијата до којашто сум тргнал.
FLIP: Како да свртиме кон подобро?
МБ: Пред сè, треба да бидеме љубезни кон луѓето, да се ослободиме од чувството на омраза. Така ќе станеме многу посреќни.