ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Мартинијан Кириловски би можел да го глуми Џорџ Клуни, а автобиографскиот филм би се снимал во Грција на остров со манекенки и палачинки со крем и плазма

Драги наши, чест ни беше да направиме еден поинаков разговор со Мартинијан и да прашаме неколку необични прашања, а на иситите да ни одговори што може по искрено и побрзо. Во продолжение Мартинијан како обичен човек.


извор: Facebook

FLIP: Кој би бил насловот на Вашата автобиографија?

M.K.: Рано е да размислувам за автобиографија, но сепак според она што досега ми се случува во животот би ја именувал како: „Сонот што ме движи“

FLIP: Како би ја опишале Вашата професија на едно љубопитно дете?

M.K.: Професијата за мене од секогаш претставува предизвик, па така би му кажал да застане пред своите другарчиња да земе една играчка што ќе му биде микрофон и да пее на цел глас и да се опушти и забавува и себе и нив.

FLIP: Опишете ни го Вашиот живот со наслов од филм или песна и кажете ни зошто баш тој наслов?

M.K.: Искрено во моментов неможам да изберам еден филм но затоа можам да кажам дека ги обожавам Македонските Народни Приказни, бидејќи израснав со нив, секојдневно ги гледав и немам испуштено ниту една приказна. Дури и сега одвреме, навреме ги следам, но сега со новите актери. Сметам дека народните приказни се ризница на мудрости кои не пратат целиот живот.

FLIP: Која точка од светот Ве прави да се чувствувате посебен/на и зошто?

M.K.: Сега за сега Грција. Изобилува со фантастични плажи, врвни летувалишта, незаборавен ноќен живот за младите, позната музика и хитови, традиционална грчка кујна и многу нешта кои верувам и вие сте ги почувсвувале.

извор: Facebook

FLIP: На што мислите кога сте сами во Вашиот автомобил?

M.K.: Безбедно да стигнам до целта, и мислам дека тоа нешто е најважно и кон кое секој возач треба да се стреми.

FLIP: Како би го именувал својот брод доколку го имаш и зошто баш тоа име?

M.K.: ДВИГАТЕЛ.
Мојата сила, гласните соништа, громогласните ракоплескања, безброј насмевки и прегратки кои раѓаат среќа, како и големата жар во градите која уште од како дете во мене чука. Кога сето ова би го погледнале низ една стаклена призма, би виделе колку всушност бројни се работите кои мене ме движат, а сепак се толку едноставни и примарни што не можат, а да не се видат. Копнежот за сонот кој не завршува, секој ден ме потсетува зошто морам не само да се движам кон него, туку и да трчам со сета моја сила, а верувајте во мене многу ја има.

FLIP: Ако можете да започнете добротворна организација, за што би служела таа?

M.K.: Кога би имал таква можност, сигурно тоа би било организација за поддршка на децата без родители и родителска грижа, за заштита на деца од злоупотреба, поддршка за дечиња со посебни потреби на кои им е неопходна помош од сите нас, односно од општеството.

FLIP: На која тема би можеле да одржите 20-минутна презентација без никаква подготовка?

M.K.: Би можел бескрајно да зборувам за музичката продукција како логистички систем и финален производ.

FLIP: Како ги потрошивте парите од Вашата прва плата/проект?

M.K.: Првата заработка е секако посебна па така дел од парите ги потрошив за неколку парчиња облека, а дел со другарите.

FLIP: Кое беше последното нешто за што навистина се возбудивте?

M.K.: Посебно ме воодушеви пласирањето на петто место во финалете на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и победа на реномираниот македонски фестивал Макфест 2019.

FLIP: Која е најдобрата локација за целосно уживање во добра шоља кафе?

M.K.: Утринското кафе на мојата тераса претставува вистинско доживување. Треба да дојдете да пиеме заедно кафе и да уживаме.

FLIP: Кој би Ве играл во филмот од Вашиот живот?

M.K.: Сметам дека таа улога може да ја изведе Џорџ Клуни.

FLIP: Што мириса подобро, свежо исечена трева или печен леб?

M.K.: Ммммм, печен леб.

FLIP: Од што би било најтешко да се откажеш?

M.K.: Искрено, не би можел од храна, а посебно од месо.

FLIP: Дали некогаш сте поминале еден ден без да носите долна облека?

M.K.: Хммм, не.

FLIP: Која е Вашата лозинка за Wi-Fi?

M.K.: Моето име, ха-ха-ха.

FLIP: За што ќе бидат носталгични луѓето за 50 години?

M.K.: Мислам дека најмногу ќе им недостасува, другарувањето, чистата средина и љубовта.

Извор: Facebook

FLIP: Ако би бил десерт, што би бил?

M.K.: Омилениот десерт ми е палачинка со крем и плазма, па веројатно и тоа би бил.

FLIP: Како да свртиме на подобро?

M.K.: Потребно е градење мостови на демократски промени, толеранција, дијалог и мултикултурна коегзистенција. Младите да не ја напуштаат земјата, туку да се изборат за својата иднина. Реалноста што демне над нас, сиромаштијата, ограничени можности за работа, менталното здравје на младите луѓе која дополнително се влоши поради пандемијата, а со тоа и се влоши конструктивното мислење на младите, кон подобро утре за сите.

FLIP: Неколку збора за твојата последно издадена песна за Гранд продукција „Оквир преваре“

M.K.: Да им се заблагодарам на креаторите на песната „Оквир преваре“, Видан Ѓурковски кој е воедно автор на музиката и текстот и Иле Спасев аранжман, но и на сите други, кои помогнаа во реализација на визијата и сликата што ги имаше режисерот Даниел Јовески за видео запис на истата. Спотот се снимаше на приватен имот „Вила Купеница“, кој се наоѓа на 15 километри од градот Куманово. Самото место нè воодушеви бидејќи беше идеално за ткаење на приказната, за една неискрена љубов каква што никој не посакува. Се надевам дека заедно со моделот Мила Насковска успеавме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите што ги носи самата песна.


извор: Facebook

FLIP: За крај, честитки за освоеното второ место на МАК ФЕСТ! Кажи ни нешто повеќе за “ВИСТИНА”

M.K.: Благодарам, навистина благодарам! Пресреќен сум за наградата, навистина песната е преубава и веќе е хит на радиостаниците и на Youtube. За песната и настапот е заслужна супер екипа составена од Ристо Самарџиев кој го напиша текстот и музиката, аранжманот е на Давор Јордановски а е снимена во студиото на Валентино Скендеровски. Јас уживав на сцената, го сакам овој фестивал и енсоставно е чест да се биде дел од него!

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!