Пробавте сè, скапи третмани, маски, но косата сè уште ви е сува и распукана? Побарајте спас во маслиново масло што ќе ја регенерира вашата коса.
Овој третман на коса, што можете да го направите во свој дом, без голема сума пари, ќе ја направи вашата коса поздрава, помека и почиста. Маслиновото масло ја храни и ја подобрува јачината и еластичноста на косата. Овој едноставен третман ќе го подобри вашето здравје и ќе го намали стресот.
Сè што ви треба:
- ½ чаши маслиново масло (доволно за два третмани)
- 5 капки есенцијално масло од темјан (или кое било друго посакувано)
- Пластична кеса што може да се смести на вашата глава
Постапка
Ставете го маслиновото масло во тегла, додајте ги есенцијалните масла, затворете ја теглата и добро протресете за да ги ослободите сите својства на маслото. Теглата оставете ја да стои на темно и ладно место 24 часа и протресете ја уште еднаш пред употреба.
Влажнете ја косата со топла вода, а потоа загрејте една лажица масло помеѓу дланките и масирајте ги скалпот и косата, повторете ја постапката додека целиот скалп не се извалка со ова масло. На крај, нанесете го маслото до краевите на косата, спакувајте ја косата во пластична кеса и оставете ја најмалку половина час.
Потоа измијте ја косата со шампон како и обично. Ние ви ветуваме дека резултатот ќе биде повеќе од одличен.