Многу жени се пресреќни по раѓањето на детето, но повеќето од нив се борат и со последиците што бременоста ги оставила на нивното тело. Стриите и неколку вишок килограми прават да се чувствуваат помалку убаво и непривлечно. Сепак, нивните партнери не мислат така.
Според медиумите, истражувањето покажало дека многу мажи сметаат дека нивните жени се уште попривлечни откако ќе добијат дете, а откриле и зошто е тоа така.
Раѓањето на детето е најнесебичното дело што една жена може да го изврши. Тоа е голема емоционална и физичка жртва, а по раѓањето на детето, одговорноста на жената се зголемува.
Дури и со бебе на кое му треба внимание 24 часа на ден, жените секогаш наоѓаат време да се грижат за своите сопрузи. Тие секогаш стојат покрај своите партнери и подготвени се да ги поддржат низ сите подеми и падови што им ги носи животот.
Ново бебе менува сè, особено односот на партнерот. Ова искуство создава уште подлабоки чувства, поголема љубов и посебна врска што ја приближува двојката.
И, конечно, жените на сопрузите им го даваат најскапоцениот подарок – семејство. Мажите им се бесконечно благодарни за тоа.