Меган и Хари го постигнаа првиот договор со Нетфликс.
Принцот Хари и Меган Маркл го постигнаа својот прв договор со Нетфликс – документарен филм за Игрите Инвиктус , меѓународен спортски настан на кој учествуваат ветерани и активни дежурни војници кои се повредени на должност и сега имаат некаков хендикеп.
Нивната продукциска куќа Архвел ќе го снима „Срцето на инвиктус“(Heart of Invictus), документарец од кој режисери ќе бидат Орландо фон Ајнсидел Џоана Натасегара.
Принцот Хари учествуваше во основањето на Heart of Invictus, кои започнаа во 2014 година. Филмот ќе следи група натпреварувачи од целиот свет, кои сите претрпеа сериозна повреда на должност, на пат кон Хаг, каде што следните игри ќе се одржат во 2022 година.
Тие ќе бидат прикажани додека тренираат и ги откриваат своите приказни, трауми и надежи. Серијата ќе ги следи и организаторите на Игрите Инвиктус, одложени за следната пролет.
Филмот доаѓа шест месеци откако војводата и војвотката од Сасекс потпишаа повеќемилионски договор со Нетфликс . Хари исто така ќе се појави пред камерата, а исто така ќе биде извршен продуцент на серијата, заедно со Фондацијата Инвиктус.
– Од првите игри во 2014 година, сфативме дека секој натпреварувач може да придонесе за овој мозаик на одлучност и сила на свој единствен начин. Многу сум возбуден од овој проект – рече Хари.